Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопрузи на Дара Бубамара?
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
„Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во работата“, вели Дара Бубамара за периодот кога првиот сопруг ѝ завршил во затвор во Германија. Инаку, со вториот се венчала во црква додека формално сè уште била во брак со првиот.

Пејачката Дара Бубамара беше главна тема во регионалните медиуми поради експлицитна говорна порака која протече во јавноста.
Но, ова не е првпат нејзиниот приватен живот да биде во центарот на вниманието.

Во минатото се појавуваа различни скандали – од нејзини интимни фотографии, до случај кога по грешка самата објави експлицитно видео на социјалните мрежи во 2019 година, кое брзо го избриша и објасни дека станува збор за „ненамерна објава“.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, Дара беше во брак двапати.
Првиот брак ѝ бил со бизнисменот Лазар Дугалиќ - Лаки, кој подолг период бил во затвор, а пејачката дури подоцна јавно проговори за тоа.
„Тој прв брак беше од шега, а сега ќе кажам зошто..
Сите пеевме во Германија и имавме некои документи од Јовановиќ како менаџер, и одеднаш почнаа апсења бидејќи не се плаќал данок.

Ја запреле Гоца Божиновска на граница и други пејачки - хаос.
Јас и Лаки тогаш бевме во врска, а тој живееше во Германија. Нашиот пријател Андрија ни рече: ‘Дали сте нормални, ако ја фатат Дара, ќе настрада поради Јовановиќ. Одете, венчајте се и готово - ќе има документи и крај.’
И јас реков - Ајде.
Се засакавме, живеевме заедно, но му реков: ‘Слушај, ова не е вистински брак. Ова е само за документи, немој да мислиш дека сме маж и жена.’“

Кога Лазар бил уапсен, Дара вели дека тоа бил најтежок период во нејзиниот живот.
„Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во работата.
Мислам дека е многу тешко приватниот живот и кариерата истовремено да бидат совршени.

Јас сум борец и до целите стигнувам по секоја цена. Многумина мислеа дека ќе се повлечам од сцената додека Лаки не излезе, но бев посилна од кога било.
Песните од тој период станаа хитови, полнев дискотеки и, велат, никогаш не сум изгледала подобро.

Работата ми помогна полесно да ги пребродам тие денови. Викендите настапував во странство, а секоја среда одев да го посетам Лазар“.