Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопрузи на Дара Бубамара?

Поради непремостливи разлики ситуацијата се оладила, а подоцна Дара утеха пронашла со Милан, со кого се венчала во црква додека формално сè уште била во брак со Лаки.

Во 2007 година, Дара го запознала српскиот бизнисмен Милан Кесиќ, кој живее во Париз, додека настапувала во негов локал.

Брзо започнале врска, а се свршиле по шест месеци.

Една година подоцна направиле раскошна свадба во Нови Сад со околу 500 гости, за која се тврди дека чинела околу 120.000 евра.

prviot-soprug-bil-vo-zatvor-vo-germanija-so-vtoriot-spiele-vo-oddelni-sobi-koi-se-bivshite-sopruzi-na-dara-bubamara-02.jpg

Младенците се возеле во лимузина и кочии, имале огномет и торта од 80 килограми.

Подоцна Дара се пошегува дека биле во загуба, бидејќи многу роднини наместо пари носеле подароци како ламби и други непотребни работи.

Медениот месец го започнале со крстарење на бродот Queen Mary 2, а потоа патувале низ Америка.

Пејачката тогаш забременила, а во 2009 година го добиле синот Коста.

Сепак, по неколку години ставиле крај на бракот, но останале во добри односи.

За нивниот однос зборувал и самиот Милан:

„Дара и јас се познаваме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Нашиот однос е специфичен.

Вистината е дека никогаш не бевме класичен брак - повеќе се темелеше на пријателство и почит.

Имаше и страст меѓу нас, тогаш Дара остана бремена и се венчавме.

Но, последните две и пол години од бракот немавме ништо, не се разведувавме поради детето. Спиевме во одделни соби.

Таа, како и секоја жена, мораше да излегува и да запознава луѓе. Мене тоа не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука“.

Kaко изгледа вториот сопруг на Дара:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...

Најчитани неделава