Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја најдам“
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
„Никогаш не ги генерализирав сите жени и, иако имав развод, секогаш оставав простор дека постои жена која е поинаква, и тоа навистина ми се случи, и за тоа сум благодарен“, вели Раста за љубовта кон Марија Балабан.

Српскиот музичар Стефан Ѓуриќ Раста по бурната врска и бракот со Ана Николиќ, во изминатите 5 години е во врска со 12 години помладата убавица Марија Балабан.
Раста и Ана се венчаа во 2016 година, а официјално се разведоа во 2018 година.

Таа неодамна на социјалните мрежи го покажа својот исончан тен за време на одморот во Дубаи.



Но, покрај Дубаи во изминатите месеци Марија ги посети и Тајланд, Јамајка и низа други егзотични дестинации, како и некои романтични дестинации од типот на Париз.
Од време на време таа дискретно става и по некоја фотографија од својот избраник, кој ја придружува на дел од овие патувања.




Марија изгледа подобро од кога било и постојано добива комплименти од следбениците, па изгледа како на Раста, така и на неа - оваа љубовна врска ѝ годи.

Раста во една пригода за српските медиуми зборуваше за својата љубов кон Марија:
„Јас навистина по бракот со Ана немав некои сериозни врски.
Поминаа доста години додека не ја најдов Марија и во неа пронајдов некој со кого ќе бидам долго време и мислам дека навистина ја направив вистинската работа.

