Три летни коктели за гостите на вашата забава

Ако сте од оние среќни луѓе кои имаат голем двор или балкон, соберете го вашето друштво на летна забава со добра музика, храна и секако, неизбежните летни коктели, кои можете да ги подготвите и дома.

tri-letni-kokteli-za-gostite-na-vashata-zabava-01.jpg

Три рецепти:

Мохито со краставица

Половина краставица исечете ја на тенки кругови. Сок од пет лимети измешајте со пет лажици кафеав шеќер и 300 милилитри бел рум. Во осум чаши ставете мраз.

Настрана измешајте ја добиената смеса од лимета, шеќер и рум со еден литар минерална вода.

Сипете ја течноста во чаши, додајте по неколку парчиња краставица, неколку ливчиња нане и украсете со парчиња лимета. Доколку имате повеќе гости, дуплирајте ја количината.

tri-letni-kokteli-za-gostite-na-vashata-zabava-02.jpg

Коктел од шампањ и праски

Во голем сад истурете го шишето шампањ и во него додајте 100 милилитри сок од праска. Доколку сакате поинтензивен вкус на праска, зголемете ја количината на сок или пак додајте парчиња свежа праска.

Распределете го коктелот во осум чаши и украсете со нане и босилек.

tri-letni-kokteli-za-gostite-na-vashata-zabava-03.jpg

Коктел од шампањ со вкус на шумски овошја

Овој коктел наликува на сангрија со бело вино или т.н. „бунар“. Еден лимон измијте и исечете го на парчиња. Ставете го во сад со листови од нане од еден врзоп.

Додајте шеќер и сипете 750 милилитри бело вино по избор. Мешајте додека шеќерот не се стопи. Додајте 100 милилитри ликер од рибизли и 250 милилитри сок од боровинки и врз сета мешавина сипете едно шише шампањ.

По желба можете да додадете и две грутки од смрзната мешавина од шумски плодови. Оваа количина е доволна за 16 до 18 чаши пијалак.

tri-letni-kokteli-za-gostite-na-vashata-zabava-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg