Зошто некои луѓе го мразат вкусот на пивото?

Иако големи се шансите да сте единствени во друштвото кои го мразат пивото, на глобално ниво, всушност, има уште многу луѓе кои се исти како вас. На некои тоа им е несфатливо, а кога следниот пат ќе добиете забелешка затоа што сте одбиле полна чаша со студено пиво, вадете се на гените.

zoshto-nekoi-lugje-go-mrazat-vkusot-na-pivoto-01.jpg

Навистина, токму гените влијаат вашиот мозок да не ги процесира како вкусни ладниот пијалак и горчливиот газиран вкус. Сето ова има еволуциска позадина, кога мозокот и сетилата помагале нашите прапредци да стојат подалеку од потенцијално опасната храна. Ваквиот рефлекс кај некои исчезнал со текот на времето, но кај мал број луѓе останал и до денеска.

Што се случува во мозокот на оние кои не сакаат пиво?

Како што се сеќавате од часовите по биологија, јазикот разликува четири основни вкусови (солено, слатко, кисело и горчливо), како и петтиот неодамна дефиниран вкус наречен умами, кој најблиску може да се опише како киселкасто-солен вкус со дискретна блажина.

Кога рецепторите на јазикот ќе регистрираат одреден вкус, тие испраќаат сигнал до мозокот преку нервите. Во човечкото тело постојат 25 рецептори за горчлив вкус, додека пак, на пример, за солен, постојат два. Поради самиот состав на пивото, се активираат најмалку три од тие 25 рецептори и сигнализираат силно горчлив вкус кога ќе се напиете голтка пиво.

zoshto-nekoi-lugje-go-mrazat-vkusot-na-pivoto-03.jpg

Што ги прави горчливите вкусови тешки за проголтување?

Нареден пат кога вашето друштво ќе се обиде да ве критикува што одбивате пиво, можете слободно да им кажете дека кај вас останал еволуцискиот инстинкт да идентификувате потенцијално отровна храна.

Горчливиот вкус во текот на еволуциските етапи останал како признак за неисправна и отровна храна, па поради тоа нашите предци избегнувале горчлива храна. Во денешно време ова не значи дека пивото или кафето без шеќер можат да ве отрујат, туку дека во вас останал ген на некој далечен роднина, поради кој вашиот дигестивен систем, едноставно, не може да го „свари“ тој вкус.

Исто така, со оглед на големиот број рецептори за горчлив вкус, сосема е во ред во одредени степени тој да не ви се допаѓа. Кога е пивото во прашање, тогаш голема улога играат и рецепторите за ладно (оние поради кои ментолот го чувствуваме како ладен вкус, а чилито како жежок). Дури и кај оваа чувствителност, кога пиете ладно пиво, може да се случи мозокот да перцепира некаква опасност.

zoshto-nekoi-lugje-go-mrazat-vkusot-na-pivoto-04.jpeg

Може ли некако да си помогнете?

Кога нешто не ви се допаѓа, не треба да го јадете или пиете мислејќи дека по некое време ќе ви се допадне. Но, погледнете ги вашите пријатели кога пијат пиво. Тие јадат кикирики, чипс или солени јаткасти плодови, така? Тоа се случува бидејќи и тие имаат потреба да го „ублажат“ горчливиот вкус на пивото со некој еднакво интензивен вкус, во овој случај солениот и умами вкусот. Единствено, нивниот организам не реагира толку бурно на пивото како вашиот. 

Значи, заклучокот е дека ниту вие, ниту тие не сте чудаци што не сакате или сакате некој одреден вкус, туку единствено гените го направиле своето во креирањето на вашите вкусни преференции.

E. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Зошто не треба да ја ладите вотката во замрзнувач? Франсоа Тибо, кој е креатор на популарната вотка „Grey Goose“ открива зошто ладе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg