Мирисот на есента: Рецепт за печени костени од Air Fryer во 6 чекори

Како да испечете превкусни костени во вашиот дом? Ако имате Air Fryer немате потреба од печење во рерна, а ќе бидете изненадени од вкусот.

mirisot-na-esenta-pecheni-kosteni-od-air-fryer-vo-5-chekori-01.jpg

Пазарите се преполни со костени, а со помош на апаратот за готвење со топол воздух (Air Fryer) овие есенски плодови можете да ги подготвите брзо и лесно и ќе бидете изненадени од нивниот вкус.

Костените се омилени есенски плодови за многумина, а откако еднаш ќе пробате да ги подготвите во Air Fryer, веќе никогаш нема да губите време на варење и печење во рерна.

Потребни состојки:

  • 1kg костени;

Начин на подготовка:

  • Апаратот за готвење под топол воздух се загрева на температура од 190 степени Целзиусови;
  • На рингла се става едно големо тенџере со вода да зоврие, а потоа се трга од огнот;
  • Костените се мијат и се ставаат на крпа да се исушат, па со ноже им се засекува X на заоблениот дел, што треба да зафаќа барем половина од костенот;
  • Костените се оставаат да отстојат барем 5 минути во жешката вода, а потоа се вадат со куталача со дупки и процедени се ставаат во корпата на Апаратот за готвење под топол воздух;
  • Кога ги редите внимавајте костените да бидат рамномерно распоредени и да има простор меѓу нив, а ако има потреба печете ги во повеќе наврати;
  • Костените се готват околу 10 минути на температура од 190 степени. На половина од времето потребно е да се отвори кошницата и да се промешаат за да се испечат рамномерно. По потреба печете уште 5-10 минути.

mirisot-na-esenta-recept-za-pecheni-kosteni-od-air-fryer-vo-5-chekori-02.jpg

Прочитајте и Сезона на костени: Како да ги подготвите и исчистите најлесно?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg