Интересни овошни идеи: Корпа од лубеница, коцка мраз со малина

Овошјето секогаш нуди спектар на идеи и начини на кои може да го искористите. Не мора само набрзина да го голтнете и да заборавите да уживате во секој залак и на секој начин.

interesni-ovosni-idei-korpa-od-lubenica-kocka-mraz-so-malina-01

Ако не сте премногу гладни, а расположени сте за забава и експериментирање, тогаш искористете некоја од идеите и уживајте на различни начини.

- Од портокал може да направите свеќа доколку внимателно ја отстраните половина од кората.

- Од лубеницата може да направите сладок сад за овошна салата. Наместо да ги ставате плодовите во стаклена чинија, искористете ја едната половина на лубеницата и ставете сè во неа.

- Во комората на фрижидерот ставете ситно топчесто овошје како цреши, малини, капини и оставете ги да се замрзнат како коцки мраз, кои потоа може да ги додадете во некој освежителен пијалак.

- Лимонот може да ви послужи и како дезодоранс, ако го преполовите на пола и го втриете на кожата.

- Пред спиење напијте се свеж сок од јаболко за поубав сон.

- Кората од банана може да ја користите за избелување на забите, а сокот од ананас за да ја смирите кашлицата.

Погледнете го целосното видео за да видите како да ги изведете овие идеи:

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg