Казандиби - турски пудинг од ориз

По вкусниот турски Кескул со вкус на Рафаело, следува уште еден примамлив и брз традиционален турски десерт.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-01.jpg

Се работи за печен млечник од пудинг кој се подготвува од оризово брашно и млеко.

Се служи добро разладен, а во комбинација со некое овошје е супер летно освежување.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маргарин
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 120 оризово брашно
  • 30g густин
  • 1200ml млеко
  • 200g шеќер во прав
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Цимет
  • Овошен сос или џем

Подготовка:

Садот во кој ќе го печете десертот треба да го премачкате со маргарин и да посипете 3 лажици шеќер во прав. Ставете го во рерна на 180 степени и печете 7-8 минути додека шеќерот не се карамелизира. Потоа оставете целосно да се олади.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-02.jpg

Во меѓувреме направете пудинг од ориз така што во сад за варење ќе ставите брашно од ориз, густин, шеќер и ванилин шеќер, па полека ќе додавате млеко и постојано ќе мешате. Варете 15 минути додека пудингот не се згусне.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-03.jpg

Сварениот пудинг ставете го во тавчето со потпечен шеќер и печете на 160 степени околу 30 минути. Печениот пудинг извадете го и ставете го во поголем сад со ладна вода (заедно со тавата во која се печел). Така ќе добие кремаста текстура. Оставете го 10 минути.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-04.jpg

Изладениот пудинг ставете го во фрижидер уште неколку часа, па потоа потурете со цимет. Превртете го од тавчето на рамна чинија и декорирајте со овошен сос или џем по избор.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-05.jpg

kazandibi-turski-puding-od-oriz-06.jpg

kazandibi-turski-puding-od-oriz-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg