Десерт на денот: Торта од чоколадни палачинки

Време е подготовката на палачинки да ја подигнете на едно поинакво и повкусно ниво. На пример, нека бидат од чоколадно тесто и во облик на торта.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-01.jpg

Звучи и изгледа примамливо?

Потребни ви се следниве состојки:

  • 175g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 25-30g квалитетно какао
  • 100g шеќер
  • Малку сол
  • 4 лажички масло
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 350ml млеко

За филување и декорација:

  • Шлаг пена
  • 30g шеќер во прав
  • Чоколаден прелив или стопено чоколадо
  • Овошје по желба

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сувите состојки за палачинките, а потоа додадете го маслото, млекото и ванила екстрактот.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-02.jpg

Матете додека не добиете мазна смеса.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-04.jpg

На тава со малку масло за печење правете палачинки со идентична големина.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-05.jpg

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-06.jpg

Оставете ги палачинките да се оладат, а во меѓувреме изматете ја шлаг пената со шеќерот во прав.

Редете палачинка, па 3 лажици од шлаг пената, а ако сакате може да додадете и овошје на секоја втора или трета палачинка.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-07.jpg

Кога ќе завршите, прелијте ги палачинките со стопено чоколадо или чоколаден прелив. Украсете со овошје.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-08.jpg

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...
Рецепт за највкусните домашни кроасани со Нутела и готово лиснато тесто Постои ли поубава комбинација од Нутела и вкусен крцкав кроасан? Пробајте го ово...
Божиќните медењаци се традиција во мојот дом во Битола: Како се подготвуваат? Божиќните медењаци се приготвуваат едноставно и брзо, а притоа се вистинска ужи...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доми...
Сочни мафини со чоколада и малини – идеален десерт за со кафе Доколку сте обожаватели на сочни мафини, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg