Рецепт на денот: Сочно пилешко во сос од рендан компир

Речиси и да нема човек кој не ужива во вкусно зготвено пилешко, посебно ако е приготвено во сос кој ги надополнува вкусот и аромата на пилешкото.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-01.jpg

Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:

  • 1kg пилешко месо по желба
  • 100g лук
  • 700g компири
  • 3 јајца
  • 200ml млеко
  • 250g брашно
  • 200g павлака
  • 10ml масло
  • Вегета, бибер и црвен пипер по желба


Подготовка:

Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.

Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.

Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.

Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-1.jpg

Послужете додека е топло.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-2.jpg

Пријатно јадење!

Би можело да ве интересира:

Прсти да излижете: Кремасти шпагети со тиквички во сос од 2 вида сирење Кремасти шпагети кои се топат во устата... Пробајте го овој италијански рецепт и...
Брзи лиснати кроасани со зденка и виршла Супер брз рецепт за кроасани со готово лиснато тесто, зденка и виршли... Се топа...
Прсти да излижете: Крцкаво, зачинето пилешко месо од Air Fryer Како да подготвите вкусни крцкави пилешки надкопанчиња во Air Fryer? Како да ...
Рецепт за домашен сладолед со Орео колачиња - ќе барате уште една порција Да! Домашниот сладолед може да биде повкусен од купениот! Само треба да знаете к...
Салата од макарони, пилешко и зеленчук - идеална за брз и здрав ручек Зар има некој кој не обожава тестенини? Нив можеме да ги подготвиме на различни ...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg