Салата од макарони, пилешко и зеленчук - идеална за брз и здрав ручек

Зар има некој кој не обожава тестенини? Нив можеме да ги подготвиме на различни начини и да ги комбинираме со различни состојки, а лесно можеме да ги претвориме и во здрав оброк ако им додадеме зеленчук.

salata-od-makaroni-pileshko-i-zelenchuk-idealna-za-brz-i-zdrav-ruchek-01.jpg

Имајќи предвид дека со тестенините нема да погрешите, оваа салата може да ја подготвите и за слави, родендени или како одлично предјадење за вашите гости. Секако, може да ви замени и цел оброк во деновите кога не сте многу расположени за готвење.

Како да ја направите?

Потребни состојки:

  • 300g варено пилешко
  • 150g моркови
  • 150g грашок
  • 150g пченка од конзерва
  • 100g горгонзола
  • 150g макарони
  • 1 лажица сенф
  • 400ml кисела павлака
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

  • Сварете ги тестенините.
  • Вареното пилешко исечкајте го на мали парчиња.
  • Исто така исечкајте го и морковот на ситни коцкички, па заедно со грашокот сварете ги во малку посолена вода.
  • Во пилешкото додајте го исцедениот и изладен сварен зеленчук, добро исцедената пченка, исечканата горгонзола и сварените и изладени тестенини.
  • Измешајте ги сенфот, павлаката и солта, па прелијте преку салатата.
  • По вкус, можете да додадете и друг сечкан зеленчук, како пиперки, домати...

salata-od-makaroni-pileshko-i-zelenchuk-idealna-za-brz-i-zdrav-ruchek01.jpg

salata-od-makaroni-pileshko-i-zelenchuk-idealna-za-brz-i-zdrav-ruchek03.jpg

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салата што заменува оброк, идеална за летните денови Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистин...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се п...
Рецепт за брза ужинка со кој најлесно ќе ги натерате децата да јадат зеленчук Овие корејски палачинки се идеални за сите возрасни што сакаат да пробаат нешто ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg