Зимска кремаста салата во облик на шишарки

Празничната трпеза - еден од највкусните симболи на празникот, а зимските салати се нејзиниот најголем украс.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-01.jpg

Нема домаќин кој не сака да ги изненади гостите со некој нов, иновативен рецепт како овој - салата во облик на шишарки.

Состојки кои ќе ви бидат потребни:

  • 300g крем сирење
  • 50g oреви
  • 200g варено пилешко
  • 20-30g копар
  • 50g мајонез
  • 1 чешне лук
  • Сол по вкус
  • 200g бадеми за декорација

Подготовка:

Во крем сирењето додајте ги ситно сечканиот копар и лукот, додадете мајонез и изматете со миксер или во блендер.

Ситно сечканите ореви и свареното пилешко исечкано на ситни парчиња додајте ги во смесата. Посолете по вкус.

Салатата сервирајте ја во форма на елипса која ќе ја декорирате со бадеми како на сликите. Можете да искористите и цели гранки копар.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-02.jpg

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-03.jpg

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-04.jpg

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тортиља со кашкавал во Air Fryer - Има 5 состојки, се прави за 10 минути (видео) За да направите сочна тортиља со кашкавал во Air Fryer ќе ви требаат само 5 сост...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за погачици со чварки со неодолив вкус Овие домашни погачици со чварки се идеални за појадок или за ужинка, а имаат нео...
Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакан...
Брзи банички со спанаќ и сирење – со готови кори и без печење Како да подготвите брзи, крцкави банички со спанаќ и со сирење за целото семејст...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg