Брзи идеи за ручек: Лесни рецепти за полнети печени компири

Полнетите компири се одличен оброк независно дали ви се најавиле гости или сте сакале да подготвите нешто вкусно за себе.

Odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-01

Најдобриот дел е што нивното подготвување е навистина лесно и едноставно, па ќе имате многу повеќе слободно време за уживање во слободното време.

Печени компири полнети со печурки и павлака

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-1.jpg

Потребни состојки:

  • 10 -15 големи компири
  • 100g сушени печурки
  • 1 кромид
  • 1/2 чаша супа од печурки
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица брашно

Подготовка:

1. Сварете ги или испечете ги компирите. Засечете ги за да можете да извадите дел од внатрешноста, не ги сечете целосно.

2. Сварете ги печурките, исцедете ја водата од нив и потоа исечкајте ги. Додадете ги во тава и пржете ги заедно со исечканиот кромид.

3. Додадете 1 лажица брашно и мешајте. Потоа додадете ½ чаша супа, почекајте да зоврие и додадете ја павлаката и малку сол. Убаво измешајте.

4. Наполнете го секој компир со ова смеса и ставете го во рерна да се пече. По желба можете да додадете павлака и путер врз секој компир.

Компири полнети со печурки и шунка

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-2.jpg

Потребни состојки:

  • 8 компири
  • 100g свежи печурки
  • 100g шунка
  • зачини
  • варено јајце
  • кашкавал

Подготовка:

1. Измијте ги компирите и испечете ги без да ги лупите. Секој од нив пресечете го на пола, отстранете го внатрешниот дел со лажица, оставајќи тенок слој.

2. Измешајте го извадениот дел од средината со пржените печурки и парчињата шунка.

3. Додадете сол и бибер, а потоа и зачините и издробената жолчка од јајцето.

4. Наполнете го секој компир со оваа смеса, додадете кашкавал и масло и печете додека не добијат златно-кафеава боја.

Компири полнети со чадена риба

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-3.jpg

Потребни состојки:

  • 8 компири
  • 500g чадени филети
  • 1 - 2 кромида
  • 1 јајце
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица путер

Подготовка:

1. Сварете ги компирите, но не целосно, штом видите дека се полуварени тргнете ги од оган. Отсечете ги горните делови за да добиете форми налик на чамци.

2. Издлабете го средишниот дел и измешајте го со кромидот и рибата. Додадете едно јајце и убаво измешајте ја смесата.

3. Наполнете ги компирите со смесата, ставете ги на намрсена тава за печење, прелејте ги со павлака и печете 3 - 5 минути на максимална температура во микробранова.

Уште 4 други рецепти ТУКА.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Сочен колач со капини, мед и бело чоколадо, совршен за сите сезони Сладок, мек како душа и едноставен за подготовка – овој колач со капини и мед е ...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Лесен рецепт за фалафел - крцкави ќофтиња од наут Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забел...
Ќе барате уште едно парче - Посна чоколадна торта Обично се смета дека десертите не се посни и дека речиси е невозможно да се напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg