Оригинален рецепт за најчоколадната торта - „Прага“ торта


Оригинален рецепт за најчоколадната торта - „Прага“ торта

Прашката торта е еден од највкусните десерти воопшто и ако за момент помисливте дека потекнува од Прага, воопшто не сте во право.

originalen-recept-za-najcokoladnata-torta-praga-torta-1.jpg

Изумителот на овој десерт е Владимир Гуралник, а името го добила според ресторанот „Прага“ каде тој работи.

Зошто оваа торта е толку вкусна? Па ако ви кажеме дека имате чоколаден пандишпан и чоколаден фил, веројатно веќе сè ви е јасно...

originalen-recept-za-najcokoladnata-torta-praga-torta-2.jpg

Состојки:

За пандишпан:

  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 250 ml млеко
  • 1 чаша хопла
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1,5 чаша брашно
  • 2 лажици какао во прав

За глазура:

  • 50 g путер
  • 4 лажички шеќер
  • 3 лажички млеко
  • 1 лажичка какао во прав

За фил:

  • 200 g путер
  • 250 ml млеко
  • 1 лажичка какао во прав

Начин на подготовка:

За да го подготвите филот измешајте го путерот и млекото, па додадете го какаото и повторно убаво измешајте.

За глазурата измешајте ги путерот, шеќерот, млекото и какаото. Варете ги на ниска температура се додека смесата не се згусне, со повремено мешање.

За подготовка на пандишпанот изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го млекото, сода бикарбоната и хоплата, и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и какаото и мешајте додека состојките убаво се соединат.

На подмачкана тава поставете хартија за печење и истурете го пандишпанот. Печете на температура од 180 °С.

Откако пандишпанот ќе се испече оставете го да се излади а потоа исечете го на три еднакви делови. На два од нив нанесете од филот, а на најгорниот премачкајте со глазурата.

originalen-recept-za-najcokoladnata-torta-praga-torta-3.jpg

originalen-recept-za-najcokoladnata-torta-praga-torta-4.jpg

  М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посен ручек готов за 25 минути: Филети од Ослич со зеленчук Голема е веројатноста дека оваа недела сте се одлучиле за краток предвелигденски...
Десерт на брзина: Колаче од кокос и ореви Лесните и кремасти колачи и торти се десерти кои луѓето секогаш ги претпочитаат ...
Брза торта со крем банани за секоја пригода Ги знаете оние рецепти кои се совршени, ама баш за секоја прилика? Ова е еден од...