Десерт за 5 минути: Чизкејк малини

Необични чизкејк колачиња со полнети малини, за кои не ви треба печење и се подготвуваат за неколку минути – постои ли подобра комбинација?

desert-za-5-minuti-chizkejk-malini-01.jpg

Овие мали колачиња освен што се превкусни, изгледаат многу декоративно, па ќе можете  да се покажете во одлично светло пред вашите гости или пред семејството, викендов.

Сѐ што треба е да потопите малини во чоколадо и да ги наполните со чизкејк фил.

Потребни состојки:

  • ¾ шолја темно или млечно чоколадо
  • 170 g свежи малини или вкупно 30 малини
  • 55 g полномаслено крем сирење, на собна температура
  • 1 голема лажица + 1 мала лажичка шеќер
  • ¼ лажичка ванила (по желба)

Начин на подготовка:

Земете голем плех, ставете на него хартија за печење и тргнете го настрана.

Во мал сад ставете го чоколадото и оставете го во микробранова околу 15 секунди или додека чоколадото целосно не се стопи.

Потопете го долниот дел, односно 2/3 од секоја малина во стопеното чоколадо и наредете ги на хартијата.

Во меѓувреме, во сад со средна големина, изгмечете го крем сирењето, додадете ги шеќерот и ванилата и мешајте додека не се соедини смесата. Префрлете ја смесата во кесе и направете дупче на врвот со ножици.

Полнете ги сите малини подеднакво со филот и на крај израмнете го врвот со нож за мачкање.

Оставете ги во фрижидер да се изладат или уживајте во нив веднаш.

desert-za-5-minuti-chizkejk-malini-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“ Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препора...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Орео колач во микробранова, готов за 5 минути Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg