Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“

Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препорачуваме да им подготвите потпечени јајца со спанаќ, познати како „Салса верде“.

fensi-branch-gotov-za-15-minuti-potpecheni-jajca-salsa-verde-01_copy.jpg

„Салса верде“ е популарен мексикански рецепт кој се подготвува за само 15 минути.

Иако потекнува од Јужна Америка, овој рецепт сè повеќе се готви и во европските земји.

Рецептот има неколку варијации (зависно од кој дел на Мексико потекнува), но сите велат дека тајната е во лутата пиперка.

Потребни состојки:

  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка лут буковец
  • 1 лажиче ким
  • 400g домати од конзерва
  • 200g свежи чери домати (исечкани на половинки)
  • 2 чешниња лук
  • 1 мала китка магдонос
  • 10-15 ливчиња босилек
  • 5-10 ливчиња свежо нане
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици бел вински оцет
  • 200g беби спанаќ
  • 4 јајца
  • сол по вкус
  • ½ лажичка семки од чили пиперче (по избор)

fensi-branch-gotov-za-15-minuti-potpecheni-jajca-salsa-verde-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Ставете 1 лажица маслиново масло во тавче и пропржете ги буковецот и кимот околу 30 секунди на средна температура.
  • Додадете ги доматите од конзерва и свежите домати. Кога ќе почнат да се прават меурчиња, намалете го огнот и динстајте ги под капак уште 5-6 минути за доматите да омекнат.
  • Во меѓувреме, во мини процесор за храна ставете ги лукот, поголемиот дел од магдоносот, босилекот, нането, сенфот, белиот оцет, останатите 4 лажици масло и 3 лажици ладна вода, па матете за да добиете мазна смеса.
  • Посолете по вкус.
  • Во тавчето со доматите додадете го беби спанаќот, спојте ги и вратете го капакот за да продолжат да се динстаат заедно.
  • Кога ќе почне да испарува водата што ја пуштиле доматите, со лажица направете четири дупки во смесата и во секоја ставете по едно јајце.
  • Повторно вратете го капакот и гответе на средна температура 5-6 минути или додека јајцата не бидат готови.
  • Тргнете ја тавата на страна, па ставете го сосот од билки што го направивте претходно.
  • Декорирајте со ситно сечкан магдонос и семки од чили пиперче.
  • Послужете го топло, со парчиња багет или тост лепче, но може да го послужите и со тортиљи или лепчиња по желба.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg