Совршено јагнешко печење за вашата велигденска трпеза

Доколку сакате убаво печено, прекрасно зачинето и ароматично јагнешко месо за Велигден, потребно е да го следите овој едноставен рецепт кој и просечниот готвач ќе го трансформира во професионалец.

Sovrseno-jagnesko-pecenje-za-vasata-veligdenska-trpeza-01.jpg

Нека вашата велигденска трпеза заблеска со прекрасно печено месо, а сите оние кои го издржале постот ќе бидат особено благодарни за овој превкусен оброк.

Потребно ви е:

  • 1 полутка свежо јагнешко месо
  • 1 чаша бело вино
  • 1 чаша вода
  • ½ чаша млеко
  • 3 лажици сенф
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2-3 млади лукчиња
  • 1 лажица мајчина душица (свежа или сушена)
  • 1 лажица рузмарин (свеж или сушен)
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

1. Го премачкувате јагнешкото месо со сенф и маслиново масло од сите страни.

2. Се потопува во маринада од млеко, вино, ситно сечканите млади лукчиња и зачините и се остава да отстои една ноќ додека добро не ги впие сите состојки.

3. Заедно со маринадата се префрла во подлабок зад за печење, се додава 1 чаша вода и се покрива со капак или алуминиумска фолија.

4. Се пече во загреана рерна на 250˚С околу 40 минути, а потоа температурата се намалува на 200˚С уште минимум 20 минути.

5. При крајот проверувате дали месото е печено, капакот или фолијата се тргаат и бутот се остава уште 5 минути да зарумени, односно додека кората не стане крцкава.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg