Летен ручек за 5 минути: Компир салата на 4 начини

Зошто да послужите обичен компир како прилог на главното јадење, а да не направите главно јадење од него со додавање на едноставни состојки?

leten-rucek-za-5-minuti-kompir-salata-na-4-nacini-001.jpg

Ладната салата од компир е еден од најлесните летни ручеци кои може да ги направите за 5 минути, без да валкате многу садови.

Има 4 варијанти – компир салата со кари, со сланина, со павлака и со лут сос и мајонез.

Компирите треба да се претходно сварени или потпечени. Состојките се соодветни за салата од околу 800 грама компири.

За салата со сланина

  • 6 парчиња сланина, пропржена и исечкана на коцки
  • ½ шолја виолетов кромид, сечкан на коцки
  • ½ шолја оцет
  • ½ шолја вода
  • 2 лажички сенф (може и семе од сенф)
  • 2 лажички шеќер
  • Сол и бибер
  • ¼ шолја копар

За салата со кари

  • 1 ½ шолја павлака
  • 2 лажички шеќер
  • 3 лажички кари
  • 2 лажички оцет
  • 1 шолја грашок
  • ½ шолја ситно сечкан кромид
  • ¼ шолја суво грозје (по вкус)
  • 3 тврдо варени јајца, сечкани на коцки
  • 2 лажички магдонос

За салата со павлака

  • 1 ½ шолја павлака
  • 3 лажички оцет
  • 3 млади кромиди, сечкани
  • ¼ шолја магдонос
  • Сол, бибер и зачини по желба

За салата со мајонез и лут сос

  • 1 шолја мајонез
  • 2 лажички лут сос
  • 2 лажички оцет
  • 2 лажички соја сос
  • 2 лажички масло од сусам (или друго по желба)
  • ½ шолја чистен грашок
  • ½ шолја сечкан млад кромид

Постапката изгледајте ја во видеото:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салата што заменува оброк, идеална за летните денови Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистин...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Вкусен викенд ручек: Пилешко во кари сос во 6 чекори Пилешко во кремаст кари сос... Идеален рецепт за викенд ручек со најблиските, а ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg