Само 4 состојки и без печење – фантастична торта од која ќе побарате парче репете

Доколку сте од оние кои преферираат лесни и брзи рецепти без премногу состојки и комплицирани чекори за подготвување, тогаш ќе ја обожавате оваа торта. Она што е најдобро кај оваа торта – се прави без печење.

Samo-4-sostojki-bez-pechenje-torta-01.png

Направете ја уште денес и израдувајте ги домашните или пак викнете го друштвото на десерт.

Потребни состојки:

  • 500 g крем-сирење
  • 250 g мелена плазма
  • 400 g чоколаден крем со лешници
  • 100 g путер
  • 100 g лешници (за декорација)

Начин на подготовка:

1. На пареа растопете го путерот и додадете 1 лажица крем. Со оваа смеса прелијте ја плазмата, добро измешајте и оставете ја смесата во фрижидер.

2. Остатокот од кремот помешајте го со крем сирењето со помош на миксер. И оваа смеса треба да ја оставите да отстои во фрижидерот.

3. По околу еден час, извадете ја првата смеса со плазмата. Со помош на чаша натапкајте ја добро во кружен калап за торта (кој претходно може го обложите на дното со хартија за печење).

4. Врз оваа смеса истурете ја чоколадната, подготвена од крем-сирење и чоколадниот крем. Добро распоредете го кремот и вратете ја тортата во фрижидерот да се стегне неколку часа.

5. Откако ќе ја извадите декорирајте ја со крупно исечкани лешници и послужете.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg