Мини еклери со крем од лешници во чоколаден сос

Доколку сте во потрага по вкусен десерт кој во составот содржи чоколаден крем со лешници, нема потреба да барате и понатаму. Ние ги одбравме мини еклерите полнети со неверојатно богат крем, прелиени со чоколадо.

Mini-ekleri-so-krem-od-leshnici-01.jpg

Доколку го следите пропишаниот рецепт ќе немате никаков проблем, а резултатот ќе ги воодушеви сите.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 1 шолја брашно
  • 1/2 шолја масло
  • 1 шолја вода
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 4 јајца

За филот:

  • 500 g омекнато крем-сирење
  • 500 g чоколаден крем со лешници (препорачуваме Лино Лада Gold со 16% сечкани лешници)
  • 60 g шеќер
  • Прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Помешајте ги маслото и водата. Потребно е да зовријат и да вријат околу 2 минути заедно.

2. Во зовриената течност додадете го брашното и мешајте енергично додека добро не се згусне. Тргнете го садот од оган, додадете го печивото, добро измешајте и оставете ја смесата целосно да се излади.

3. Откако смесата добро ќе се излади, додадете ги јајцата едно по едно и полека мешајте додека не добиете густа, изедначена смеса. Со помош на лажица или готварски шприц обликувајте топче од смесата, поставувајќи го на хартија за печење.

4. Печете ги мини еклерите го загреана рерна на 250ﹾС точно 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 150ﹾС и печете ги уште 20 минути. Во текот на печењето не треба да ја отворите рерната, барем не во првите 20 минути. Готови се откако ќе станат златножолти.

5. Изматете ги крем сирењето и шеќерот со помош на електричен миксер. Матете сè додека не добиете хомогена смеса. Додајте 3/4 од кремот Лино Лада заедно со солта и продолжете со матење додека не се соединат. Полека додадете го и преостанатиот дел од кремот и нежно промешајте.

6. Оладените мини еклери пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. По желба може да ги прелиете со готов чоколаден прелив или пак со стопено млечно или темно чоколадо.

Mini-ekleri-so-krem-od-leshnici (1).jpg

Mini-ekleri-so-krem-od-leshnici (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан -...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
По рецептот на баба: Домашни еклери, полнети со фил од ванила и прелиени со чоколаден прелив Дали сте љубители на домашни еклери, онакви какви што често се приготвуваа и во ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg