Домашен сладолед од јаготки со само 3 состојки

Се прави брзо, а потребни ви се само 3 состојки. Пристигнувањето на јаготките ни асоцира на сончеви денови, ведри моменти и шанса да направиме некој нов рецепт со овие слатки овошки.

domasen-sladoled-od-jagotki-so-samo-tri-sostojki-01.jpg

Нашиот предлог за денес е овој едноставен рецепт за домашен сладолед.

Состојки:

  • ½ l јогурт
  • 300g свежи јаготки
  • 2 шолји слатка павлака

Подготовка:

  • 200g од јаготките ставете ги во блендер додека не добиете мазна пире смеса.
  • Додадете го јогуртот и блендирајте ги заедно.
  • Слатката павлака изматете ја 3 до 5 минути и потоа додадете ја смесата со јаготките. На крај исечкајте го остатокот од јаготките на ситни парченца.
  • Промешајте сѐ заедно и ставете ја смесата во замрзнувач 4 часа. 

Во меѓувреме, додека чекате сладоледот да биде готов, имате време за шопинг. Разгледајте ја понудата во онлајн продавницата на Fashion Group и искористете го намалувањето до -40% на одредени артикли. Клик ТУКА. 

domasen-sladoled-od-jagotki-so-samo-tri-sostojki-02.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg