Совршен, летен ручек – хот дог со германски колбаси во пиво и неодолив сос од Дижон сенф

Дефинитивно сакаме да поминуваме што е можно помалку време во кујната, поради неподносливите високи температури.

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf-01.jpg

Имаме совршен рецепт за вас кој ќе го обожаваат сите, а потребен е минимален труд и време за реализација.

Наместо стандардните виршли ви нудиме неодоливо вкусен рецепт со германски „братвурст“ колбаси во пиво и уште посладок сос чија основа е незаменливиот сенф Дижон.

Потреби состојки:

За Дижон сосот

  • 1/3 шолја мајонез
  • 4 лажички Дижон сенф
  • 1 лажица сенф во зрна (по желба)
  • 1 лажица течност од кисели краставички
  • 3 лажици бел вински оцет
  • 1 лажица шеќер
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка црн бибер
  • 4 шолји ситно исечкана црвена зелка
  • 2 шолји ситно исечкана бела зелка

За колбасите со пиво

  • 8 големи германски „братвурст“ колбаси
  • 700 ml пиво
  • 1 лажица путер
  • 8 долгнавести лепчиња за хот дог
  • Зелени лути пиперчиња (по желба)

Начин на подготовка:

  • Прво направете го сосот. Во подлабок сад измешајте ги добро мајонезот, сенфот, течноста од киселите краставички, белиот вински оцет, солта и шеќерот, како и црниот бибер. Додадете ги двата вида исечкана зелка и добро промешајте. Оставете го сосот настрана.
  • Во подлабока тава прво истурете го пивото додека не започне полека да врие. Додадете ги колбасите и оставете да се готват 8-10 минути на ниска температура.
  • Потоа извадете ги, истурете го пивото и вратете ги колбасите да се зготват до крај со 1 лажица путер на средна температура.
  • Во секое лепче ставете по еден колбас и нанесете поголема количина од сосот.
  • Лутите пиперчиња се опционални, а како прилог може да додадете маслинки, кисели краставички, помфрит и секако – ладно пиво.

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf (5).jpg

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf (4).jpg

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf (3).jpg

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf (2).jpg

Hot-dog-so-germanski-kolbasi-vo-pivo-so-Dizon-senf (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg