Протеинска салата која е повкусна кога ќе „преноќи“ во фрижидер
-->
Оваа медитеранска салата со туна е еден од ретките рецепти кои е повкусен кога ќе отстои.
Се работи за салата полна со протеини која ќе ви даде доволно енергија за целодневните обврски, а најдобро е ако ја подготвите од вечер.
-->
Потребни состојки:
- 2 големи конзерви туна
- 200g варен наут
- 1 свежа краставица
- 1 свежа пиперка
- ½ главица кромид
- 2-3 сушени домати
- 5-6 маслинки
- 2 лажички копар или магдонос или зачин по желба
Прелив за салатата:
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици оцет
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичкка сушен магдонос
- 1 лажичка сушено оригано
- Сол и бибер по желба
Подготовка:
- Исцедете ја туната од конзервата.
- Ситно исечкајте ги сите останати состојки и промешајте ги со туната во голем стаклен сад. Додадете ги зачините.
- Состојките за сосот измешајте ги во мала шолја и прелијте ја салатата. Оставете ја да отстои во фрижидер.
- Послужете ја со брускети, тостиран леб или некои интегрални грисини.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Салата што заменува оброк, идеална за летните денови
Брз рецепт за салата со модар патлиџан и домати која ќе ви замени оброк е вистин...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила
Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома
Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа
Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...