Вкусни, солени залачиња „на боцки“ – нема да посакате друго мезе

Обожаватели сме на брзи, едноставни и вкусни рецепти кои нема да нè задржат долго во кујната, ниту пак ќе ни направат „дупка“ во буџетот.

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki-01.jpg

Го имаме највкусното мезе „на боцки“. Ќе престанете да броите колку сте изеле после третото солено топче.

Потребни состојки:

  • 150g пченка од конзерва (добро исцедена од течноста)
  • 150g рендан кашкавал (трапист по можност)
  • 200g крем-сирење
  • 6 парчиња сомелен двопек

Начин на подготовка:

  • Добро соединете ги сите состојки во подлабок сад.
  • Двопекот додавајте го постепено, затоа што зависи од големината на парчињата.
  • Од добиената смеса обликувајте топчиња. Од наведената количина на состојки треба да добиете околу 12 топчиња.
  • Доколку сте перфекционисти, количината за секое топче измерете ја на кујнска вага.
  • Ставете „боцки“ во секое топче и декорирајте со свеж магдонос.

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (4).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (3).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (2).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg