Брзо и едноставно мезе: Направете 6 мини-пици од Air Fryer, готови за 15 минути

Ќе добиете екстра крцкаво тесто, а мини пиците можете да ги подготвите доколку сакате да поминете опуштена вечер со членовите од семејството.

brzo-i-ednostavno-napravete-6-mini-pici-od-air-fryer-gotovi-za-15-minuti-01.jpg

Апаратот за готвење со топол воздух е мошне популарен во последно време затоа што ви овозможува за брзо време да подготвите брзи и здрави оброци, а може да се најдат голем број вкусни рецепти што можете да ги подготвите во него.

Од пилешко месо, до чипс, во апаратот за готвење со топол воздух можете да подготвите и мини пици, а за подготовката на секоја мини-пица ќе ви бидат потребни околу 3 минути.

Количините на состојките не се определени, сѐ зависи од тоа колку пици сакате да подготвите и какви состојки имате во моментот.

Потребни состојки:

  • Готово тесто за пица;
  • Сос од домати;
  • Парчиња кулен (или друго сувомеснато по ваш избор);
  • Рендан кашкавал.

Начин на подготовка:

  • Апаратот за готвење со топол воздух се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Готовото тесто за пица се става на набрашнета површина и со сукало се истегнува до дебелина од околу 5mm;
  • Со чаша или со друг сад, се одвојуваат кругови во согласност со големината на кошницата на вашиот Air Fryer (пицата треба да биде на средина и да има простор од околу);
  • Кошницата на апаратот за готвење со топол воздух се прска со масло во распрскувач и внатре се става подготвената мини пица;
  • Со виљушка се прават повеќе дупчиња на тестото за подобро да се испече внатре;

    brzo-i-ednostavno-napravete-6-mini-pici-od-air-fryer-gotovi-za-15-minuti-02.jpg

  • Тестото се пече околу 1 минута од едната страна, а потоа се превртува и се пече дополнителни 30 секунди од другата страна;
  • Постапката се повторува со сите кругови што сте ги направиле од готовото тесто за пица;
  • Потпеченото тесто се премачкува со доматен сос, му се додава кулен (или друго сувомеснат производ по ваш вкус) и на крај се става рендан кашкавал;

    brzo-i-ednostavno-napravete-6-mini-pici-od-air-fryer-gotovi-za-15-minuti-04.jpg

  • Вака подготвената пица се пече на температура од 190 степени Целзиусови од 1 до 3 минути или додека кашкавалот не се стопи (слободно можете да ја отворите корпата и да проверите).

brzo-i-ednostavno-napravete-6-mini-pici-od-air-fryer-gotovi-za-15-minuti-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан -...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg