Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Викенд ручек: Полнети компири со мелено месо и стопен кашкавал (видео)

Како да подготвите крцкави полнети компирчиња на сосема поинаков начин. Овој рецепт можете да го искористите за да подготвите нешто невообичаено за викенд трпезата.

vikend-ruchek-polneti-kompiri-so-meleno-meso-i-stopen-kashkaval-video-01.jpg

Станува збор за рецепт што се подготвува мошне лесно и брзо, а ќе им се допадне на сите оние што го сакаат вкусот на печените компири, надополнет со мелено месо и стопен кашкавал.

Како се подготвуваат овие полнети компири?

Потребни состојки:

  • 4 компири;
  • Сос од домати;
  • Масло;
  • 1/2 лажичка сол (или по вкус);
  • 1 кромид;
  • 280g мелено месо;
  • 1 мала лажичка црвен пипер;
  • 1 чешне лук (столчено или ситно исечкано);
  • Магдонос;
  • 180ml вода;
  • 200g рендан кашкавал.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Компирите се лупат и се сечат на половинки, а со лажица се отстранува средишниот дел;
  • Во подлабок сад се додава 1 лажица сос од домати и 2 големи лажици масло за јадење и се меша;
  • Издлабените компири се ставаат во плех и се премачкуваат со мешавината од доматен сос и масло и се посолуваат и се ставаат да се потпечат 40-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Во тава на рингла се става масло и се додава една главица исечкан кромид за да омекне, по што се додава меленото месо да се потпржи;
  • Во месото се додава сол, црвен пипер, лук и се пржи додека во целост да испари течноста;
  • Во длабок сад се мешаат две големи лажици доматен сос и 180ml вода;
  • Компирите се вадат од рерна и се полнат со готовиот фил со мелено месо и им се додава рендан кашкавал, а водата и доматниот сос се додаваат во плехот околу компирите;
  • По ова компирите се враќаат во рерна да се печат уште 15-тина минути на 180 степени Целзиусови или додека да се стопи кашкавалот.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg