Рецепт за најлесниот есенски колач со јаболка и цимет – се топи во уста
-->
Сочен колач од јаболка кој се топи во уста и мирис на цимет низ домот е синоним за есен – овој рецепт се прави лесно, сите состојки се мешаат и се ставаат на печење.
Во есенските денови нема кој не обожава десерти со јаболка, а за среќа има многу рецепти кои се подготвуваат лесно, а се превкусни.
-->
Овојпат предлагаме рецепт за сочнен колач кој се топи во уста, а може да си го направите уште веднаш.
Потребни состојки:
За мешавина со јаболка:
- 2 јаболка, лупени и сечкани на ситни коцки
- 45g шеќер
- 1 лажичка цимет
За колачот:
- 360g брашно
- 200g пеќер
- 4 лажици сода бикарбона
- 300ml млеко
- 1 лажица екстракт од ванила
- 2 големи јајца, малку изматени
- 110g несолен путер, стопен
За преливот од цимет:
-->
-->
- 120g несолен путер, стопен
- 150g кафеав шеќер
- 1 лажица цимет
За глазура:
-->
- 200g шеќер во прав
- 40ml млеко
Начин на подготовка:
- Во еден сад измешајте ги сите состојки за мешавината со јаболка.
- Во друг сад измешајте ги состојките за преливот од цимет.
- Во трет поголем сад измешајте ги состојките за колачот – ставете ги прво сувите па течните состојки.
- Во садот со смесата за колачот истурете ја мешавината со јаболка и измешајте.
- Оваа смеса истурете ја во плех на хартија за печење и распоредете ја насекаде.
- На повеќе места низ смесата со лажица истурете од преливот со цимет, а потоа со стапче поминете неколкупати низ нив за да направите декорација.
- Одозгоре истурете ја белата глазура и ставете да се пече 45 минути на 190ºС или 170ºС со вентилатор (или додека чепкалка за заби не излезе чиста од колачот).
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...