Рецепт за лесен колач со јаболка и банани – се топи во уста
-->
Дали сте љубител на колачи со јаболка и цимет? Овојпат додаваме и банани и добиваме неодолив зимски десерт кој се топи во уста.
Сезоната на јаболка вреди да се искористи за подготовка на вкусни колачи кои се подготвуваат многу лесно.
-->
Дополнително, доколку немате што да им правите на бананите кои постојано ви скапуваат – имаме решение.
Овој лесен рецепт ќе успее да го направи секој кој има барем малку искуство во кујна.
Потребни состојки:
За смеса на колачот:
- 115g несолен путер, стопен
- 200g кафеав шеќер
- 1 големо јајце, на собна температура
- 1 лажица екстракт од ванила
- 130g брашно
- ½ лажичка сол
- 150g банана, испасирана
За декорацијата со цимет:
- 45g несолен путер, стопен
- 80g кафеав шеќер
- 1 лажица цимет во прав
За фил/прелив:
- 90g полномасно крем-сирење, на собна температура
- 90g несолен путер, омекнат
- 1 лажица екстракт од ванила
- 110g шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги путерот и шеќерот. Потоа додадете ги јајцето и ванилата и повторно соединете ја смесата. Истурете ги и брашното и солта и измешајте, а на крај додадете ја и бананата и убаво измешајте.
- Истурете ја смесата во плех со големина 8x8, врз хартија за печење и убаво распоредете ја насекаде.
- На неколку места со лажица ставете топчиња од смесата со цимет, а потоа со нож формирајте ја кружната декорација.
- Ставете да се пече 18-20 минути на 180С (или 160С ако печете со вентилатор).
- Во меѓувреме, во друг длабок сад ставете ги крем-сирењето, шеќерот и циметот и измиксирајте додека не добиете мека и мазна смеса за фил.
- Истурете го филот врз испечената смеса, распоредете насекаде и оставете да се олади.
- Исечете на коцки и уживајте во десертот.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
-->
-->