Како да не се здебелите за време на празниците?

Зимскиот период е еден од најубавите периоди исполнет со семејни и пријателски дружби.

kako-da-ne-se-zdebelite-za-vreme-na-praznicite-01.jpg

Славите и новогодишните празници се моменти во кои сите уживаме овој период, но и малку се опуштаме кога станува збор за „линијата“.

Прекрасните трпези постојано нè мамат и тераат да си јадеме малку повеќе, а често знае да се претера и со алкохолот, што секако, влијае на качувањето по неколку килца.

Па, за да го избегнете тоа во овие денови, треба да бидете повнимателни, а за тоа постојат неколку трикови.

Колку и да е тешко, вреди да ги пробате за потоа да не се каете, мачејќи се со месеци да ги изгубите килограмите:

Избегнувајте премногу комотна облека

Првото правило до кое треба да се придржувате овој период е да избегнувате растеглива и широка облека.

Доколку постојано сте облечени во комотна и широка облека, може да се случи воопшто да не забележите дека килограмите почнуваат да се познаваат.

Затоа зимата поминете ја во хеланки, тесни туники и зимски фустанчиња, или мажите во панталони и џемперчиња кои не се многу широки, па така постојано ќе сакате да изгледате добро и нема да си дозволувате дебелеење.

Поставете си цел

Не би било лошо да си поставите новогодишна цел пред нова година, како на пример, да се запишете на вежбање од 1-ви јануари. Точно, во тој период има многу празници, но не смеете да си дозволите тоа да биде изговор, бидејќи токму така се дебелееме – „Да поминат празнициве, па ќе почнам“.

Доколку почнете да вежбате уште од почеток на месецот, можеби тоа поинаку ќе влијае на вас и ќе бидете малку повнимателни со исхраната, а истовремено ќе ги трошите внесените калории.

Контролирајте се

И секако, сè би било залудно доколку самите вие немате контрола над себе и не знаете да се сопрете.

Обидете се да не претерувате со количината, иако сакате да пробате од сите традиционални мезенца и јадења. Јадете во мали чинии и избегнувајте прејадување само затоа што храната е слатка.

Не заборавајте и дека пијалаците со шеќери, како и алкохолот исто така влијаат на дебелеењето доколку се претера.

За време на празниците, држете се до виното (умерено) и природните сокови.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Намирници кои можат да ви помогнат кога имате констипација Сировите, но и сувите сливи се храна која ги ублажува симптомите на констипација...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Кои намирници се безбедни за јадење кога имате киселини во стомакот? Ако сакате оброк богат со протеини, но имате киселини, нема да погрешите со пече...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg