Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските

Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во работата, многу среќа, големи богатства и од луѓето и од Бога. Среќен Божиќ – Христос се роди!

najubavite-poraki-za-bozhikj-shto-mozhete-da-im-gi-ispratite-na-bliskite-i-na-sakanite-01.jpg

Изненадете ги блиските и луѓето што ги сакате со некоја убава мисла за божиќните празници и за да знаат дека мислите на нив.

Во продолжение издвојуваме неколку убави божиќни пораки со коишто би можеле да им честитате на луѓето што ви се драги:

Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцата младост. Во работата успех, многу среќа и слога нека ви донесат Божиќ и годината Нова!

Љубов, среќа, здравје... Тоа се моите желби за тебе. Топлина во срцето нека ти сјае, нека ти е среќен Божиќ и годината што следи убава да е.

Нека божиќната ѕвезда сјае во срцето твое и нека ти ги исполни сите желби, надежи и сништа. Насмевката на малиот Исус нека те води. Среќен Божиќ – Христос се роди!

Со насмевка и песна денот да ти започне ти посакувам, затоа што денес Исус ни пристигна како дар. Мир и веселба домот да ти го исполнат, а љубовта да царува во срцата на сите. Среќен Божиќ и среќни празници!

Секоја минута среќна да ти биде, секоја желба реалност да стане. За празниците нека те следи среќа, од оваа поубава желба за тебе немам. Среќен Божиќ - Христос се роди!

Ти посакувам Божиќ без рецесија, депресија и инфлација, без кризи и со голема гозба. Во срцето мир и топлина, а на масата сарма со сланина. Среќен Божиќ!

Животот е убав ако знаеш да живееш, затоа зграпчи сè што ќе ти пружи. Среќата е убава и за неа да се живее треба, не барај многу, а ќе добиеш сè. Среќен Божиќ!

Мудроста на Спасителот пренеси ја и на своето дете. Нека вечно се слави денот на радост и љубов – Христос се роди, ти посакувам на празникот убав.

Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во работата, многу среќа, големи богатства и од луѓето и од Бога. Среќен Божиќ – Христос се роди!

Денешниот празник нека ви биде радосен. Божиќ мир во домот да ви донесе, среќата секогаш да ве следи, а ангелот на среќата низ животот да ве води. Мир божји – Христос се роди!

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Локал во близина на Демир Хисар со патки, лебеди, езерце и рурален амбиент е зелена оаза на мирот (ф... Со рурален шмек, среде прекрасна природа, далеку од градската врева... Овој лока...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка - се роди Ирис „Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере од „Нокаут“ на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg