Свети Трифун – Денес го славиме заштитникот на виното и на лозарите

На денешен ден лозарите излегуваат во лозјата и вршат обредно закројување на лозовите прачки и полевање со вино, со цел годината да биде плодна и лозјето добро да роди.

sveti-trifun-zashtitnik-na-vinoto-i-na-lozarite-01.jpg

Свети Трифун е еден од поголемите православни христијански празници коишто се слават кај нас, а денот се врзува со обредното закројување на лозјата. Традиционално, секоја година се слави на 14-ти февруари и за некои ова е последниот од зимските, а за други - прв од пролетните празници.

Во некои краишта на Македонија, како што се Охрид и Прилеп, празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) – пијаница, затоа што се смета дека светецот е заштитник на меанџискиот еснаф, но и на лозарите и градинарите.

sveti-trifun-zashtitnik-na-vinoto-i-na-lozarite-02.jpg

На денешен ден лозарите излегуваат во лозјата и вршат обредно закројување на лозовите прачки и полевање со вино, со цел годината да биде плодна и лозјето добро да роди.

Исто така, се верува дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и слично).

Овој празник особено се празнува во кавадаречкиот регион, каде лозарството е најзастапено, а светецот го почитуваат речиси во сите градови од Македонија. Во чест на овој светец била подигната и црква во скопско Говрлево, која датира од 17-ти век.

sveti-trifun-zashtitnik-na-vinoto-i-na-lozarite-03.jpg

Освен обредното полевање и закројување на лозјето, постојат повеќе народни верувања поврзани со временските услови. Така, според некои верувања ако на Свети Трифун врне дожд или снег тоа значи дека годината ќе биде плодна и ќе има добар род, а ако е сончево и ведро, тоа значи дека ќе има суша.

Според некои народни преданија, ова е ден кога се сретнуваат зимата и пролетта и кога мечките накратко се будат од пештерите за да видат дали доаѓаат поубави денови, и ако увидат дека зимата ќе потрае, се враќаат во зимскиот сон.

На денешен ден, освен обредните закројувања на лозјата и честењето со ракија и вино, традиционално слават именден и оние што ги носат имињата Трифун, Трајан, Трајанка, Трајче...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Бричење на зетот, свекрвино оро: Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се венчаа на Галичка свадба 2... Оливер Андреевски и Елисавета Булоска денес (16.07) се венчаа во црквата „Св. Пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg