Филм од кој се умира: 92 лица добиле рак после неговото снимање

Денес никој при здрав разум не би избрал локација за снимање на филм која се користела за нуклеарно тестирање.

Film od koj se umira 92 lica dobile rak posle snimanjeto na ovoj film 01

Опасностите од нуклеарното зрачење се познати уште од 1927 година - кога Херман Џозеф Мулер открил дека изложеност на радијација може да има неверојатни ефекти врз здравјето на луѓето, а до раните 50-ти години, се знаело дека нуклеарните експлозии произведуваат огромни количини пепел, што е радиоактивен и потенцијално смртоносен.

Сепак, во 1954 година, продуцентите на филмот „Освојувач“ решиле да го снимат филмот во близина на оддалечениот град Сент Џорџ, во пустината Јута, само стотина километри од озлогласеното место за нуклеарни тестови во Невада.

Околу 100-тина нуклеарни бомби биле тестирани на тоа место во текот на 1950-тите години, а во 1953 година биле спроведени 11 атмосферски нуклеарни тестови како дел од операција Upshot-Knothole.

Облаците во форма на печурки достигнувале неколку илјади метри височина, а силните ветрови ги носеле радиоактивните честички до пустината Јута.

Кога започнал да се снима филмот „Освојувач“ ридовите околу Сент Џорџ биле покриени со слој смртоносна нуклеарна прашина. Филмот ја прикажува бурната љубовна врска меѓу монголскиот воен лидер по име Темуџин и убавата ќерка на неговиот непријател.

Главните улоги ги толкувале големите ѕвезди - Џон Вејн и Сузан Хејворд.

Иако филмот не бил прифатен добро од страна на критичарите, Вејн и Хејворд не се грижеле премногу, бидејќи ѝ двајцата зад себе имале голем број успешни филмови и богатство. Но не знаеле дека „Освојувачот“ ќе има огромно влијание врз нивните животи.

Film od koj se umira 92 lica dobile rak posle snimanjeto na ovoj film 02

Имено, од 220 луѓе кои работеле на филмот, 92 починале од карцином, вклучувајќи ги и Вејн и Хејворд. За време на снимањето властите ја означиле локацијата како безбедна од штетни ефекти на радиоактивните врнежи, иако биле забележани абнормални нивоа на зрачење при испитување на областа.

Почвата е сè уште радиоактивна. Затоа не изненадува што скоро половина од екипажот починала од карцином како резултат на долгорочно изложување на зрачење.

Џон Вејн најпрво бил дијагностициран со рак на белите дробови, но починал од рак на желудник во 1973 година. Иако неговите пријатели се обидувале да го убедат дека неговата состојба е последица на изложеност на зрачење од сетот на „Освојувачот“, тој тврдел дека болеста е предизвикана од неговата зависност од цигари. Поточно, Вејн пушел шест кутии на ден.

Сузан Хејворд ја освоила првата и единствената награда Оскар во 1958 година, две години по снимањето на „Освојувачот“, за улога на затвореник со смртна казна во филмот „Сакам да живеам!“

Петнаесет години подоцна, нејзината кариера завршила нагло кога ѝ бил дијагностициран карцином на мозок, што е, исто така, најверојатно резултат на изложеност на зрачење.

Film od koj se umira 92 lica dobile rak posle snimanjeto na ovoj film 03

„Освојувачот“ го создал реномираниот продуцент Хауард Хјуз. Во раните 1970-ти, Хјуз сфатил дека многу луѓе, што биле вклучени во продукцијата на филмот, починале од рак. Тој, исто така, знаел дека местото е потенцијално опасно.

Поради големо чувство на вина Хјуз платил 12 милиони долари за да ги купи сите копии на филмот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg