12 филмови што со нетрпение ги очекуваме во 2020-та

Почнува нова деценија за филмската индустрија, а сите очекуваме многу нови приказни, но и „освежување“ на постарите.

12-filmovi-shto-so-netrpenie-gi-ochekuvame-vo-2020-ta-01.jpg

Засекогаш ќе ги помниме ремек-делата од 2010-тите, но постојат неколку наслови што дефинитивно ќе ни ја разубават 2020-та:

Dolittle

По смртта на неговата жена, познатиот ветеринар се затвора во својот дом. Друштво му прават само животните со кои може да зборува.

Сепак, кога кралицата ќе се разболи, докторот е принуден да се упати кон мистичен остров за да најде лек.

Овој филм е направен според омилената детска книга на многумина – „Доктор Офболи“, па сигурно ќе ве врати во минатото.

Премиера: 17-ти јануари

Little Women

Ова е уште една адаптација на книга и ја раскажува приказната за 4 сестри кои живеат со нивната мајка. Филмот е сместен во 1860-тите, период кога има Граѓанска војна.

Во филмот ќе имаме можност да погледнеме како сестрите созреваат, бараат љубов и се обидуваат да си го најдат местото во овој свет.

Одличната приказна, во комбинација со неверојатната актерска екипа би требало да резултира со навистина добар филм.

Премиера: 30-ти јануари

Birds of Prey: And the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn

Харли Квин е „скршена“ по разделбата со Џокер, но наскоро си наоѓа нова занимација. Новиот негативец во Готам сака да ја убие девојката по име Кас, но Харли, заедно со уште неколку херои, ќе направи сè за до го спречи.

Ова е прво враќање на Харли Квин во кината после филмот Suicide Squad од 2016-та.

Премиера: 7-ми февруари

The Invisible Man

Сесилија се сомнева дека самоубиството на нејзиниот поранешен сопруг кој ја малтретирал е измама. После неколку необични случајности, таа мора да најде начин да докаже дека ја следи личности што не може да ја види никој.

И овој филм е направен според книга – истоимената новела на Х. Г. Велс.

Премиера: 28-ми февруари

Mulan

Со цел да го спаси нејзиниот татко, Мулан бега од дома, се преправа во маж и ѝ се приклучува на армијата. Мулан мора да ја зачува својата тајна, но и да ја спаси Кина.

Ова е римејк на познатиот дизниев цртан, па не е ни чудо што фановите едвај чекаат да го изгледаат.

Премиера: 27-ми март

The New Mutants

5 млади мутанти се заробени во тајна установа. Овде, тие почнуваат да ги разбираат нивните способности и мораат да се справат со нивните гревови од минатото.

Премиерата на филмот првично беше планирана за 2018-та, но после неколку одложувања, конечно ќе имаме можност да го погледнеме во 2020-та.

Премиера: 3-ти април

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg