Се откажува од децата за да се разведе од Анџелина - Доказ дека Бред Пит е конечно среќен со помладата девојка

Се ближи ли крајот на еден од најдолгите разводи во Холивуд? Бред Пит е подготвен да се откаже од старателството над 6-те деца и со тоа да стави крај на разводот кој трае од 2016-та година.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-01.jpg

Холивудскиот актер Бред Пит (60) во последната година живее заедно со неговата 30 години помлада девојка Инес де Рамон, а според најновите информации до кои дошол Daily Mail, конечно ќе стави крај и на судските битки и превирања со Анџелина Џоли (48) и ќе го заврши тоа поглавје во својот живот.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-02.jpg

Еден од проблемите заради кои разводот меѓу Бред и Анџелина се провлекува веќе речиси 8 години е тоа што актерот бараше пола-пола старателство со неговата сопруга врз нивните 6 деца.

Иако, постојат и гласини дека главната причина за разводот била тоа што го нападнал првиот син на Анџелина, Медокс и затоа што бил насилен кон членовите на семејството.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-03.jpg

Според извори блиски до актерот, Бред веќе нема намера да се бори за старателство, со што ќе добие само право да ги посетува, додека Анџелина ќе остане единствен нивeн старател.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-06.jpg

Една од главните причини за оваа одлука е тоа што 3 од нивните деца се веќе полнолетни и сами можат да одлучат дали сакаат или не сакаат да го гледаат нивниот татко.

За потсетување, Медокс веќе има 22 години, Пакс 20, а Захара 19.

Додека малолетни се само биолошките деца што актерскиот пар ги доби заедно, Шајло (17) и близнаците Нокс и Вивиен (15).

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-04_copy.jpg

Познато е дека актерот бараше старателство над децата, иако наводно не ги ни видел по расправијата во авионот кога физички го нападнал Медокс.

Пакс, во 2020-та година објави порака до неговиот татко на неговиот Инстаграм профил во којшто му порача дека постојано успева да докаже дека е ужасна личност.

„Никогаш нема да сфатиш колкава штета му нанесе на моето семејство, затоа што не си способен за тоа“ – му порача синот во пораката што беше објавена минатата година во сите светски медиуми.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-05.jpg

Инаку, Бред Пит повеќе од една година е во врска со актерката Инес де Рамон, а според пишувањата во таблоидите, по прославата на неговиот 60-ти роденден во Париз, парот одлучил да почне да живее заедно.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-09.jpg

Според изјавите на неговите пријатели, актерката добро влијае врз него и тој е посреќен од кога било.

se-otkazhuva-od-decata-za-da-se-razvede-od-andjelina-dokaz-deka-bred-pit-e-konechno-srekjen-so-pomladata-devojka-10.jpg

Прочитајте и Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со синот Медокс

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg