Како изгледа 20 години подоцна градинарот од „Очајни домаќинки” што ѝ беше љубовник на на Габриела Солис?

Нема сомнеж дека актерот старее како виното, но во екот на популарноста се борел со алкохолизам - како изгледа и што прави денес заводникот кој глумеше градинар и љубовник на Габи во серијата „Очајни домаќинки“?

kako-izgleda-20-godini-podocna-gradinarot-od-ochajni-domakjinki-shto-i-beshe-ljubovnik-na-na-gabriela-solis-01.jpg 

Се сеќавате ли на згодниот заводник Џон Роланд од серијата „Очајни домаќинки“, кој го толкуваше ликот на градинарот по кого освен Ева Лонгорија, односно Габриела Солис, лудуваа и жените ширум светот?

Серијата беше наградена со седум Еми награди и имаше речиси 60 номинации за истата награда.

View this post on Instagram

A post shared by Jesse Metcalfe (@realjessemetcalfe)

Џеси Меткалф и по дваесет години од првата сезона на серијата, која се емитуваше во 2004 година, изгледа неодоливо исто како кога го играше ликот на градинарот Џон кога имаше 25 години.

View this post on Instagram

A post shared by Jesse Metcalfe (@realjessemetcalfe)

Денес Џеси има 46 години, а ќе се согласите дека изгледа дури и попривлечно и тоа благодарение на секојдневните тренинзи.

На социјалните мрежи споделува фотографии од секојдневниот живот, па можеме да видиме како го минува своето секојдневие.

Во една прилика истакна дека иако неговата улога изгледала лесно, сепак периодот на „Очајни домаќинки“ го памети како деценија со секојдневно тренирање и голема одговорност кон физичкиот изглед.

„Гледачите веројатно не размислуваат за тоа, но кога повеќе од 20 милиони луѓе ве гледаат без маица секој ден во текот на 10 години во една од сериите, имате огромен психолошки притисок да го направите тоа што го гледаат да изгледа совршено.

За мене ритамот на животот во тие години беше исцрпувачки. Салата беше мојот втор дом, а броењето калории беше опсесија која влезе во потсвесниот дел од моето битие.

Иако тоа беше драгоцено искуство што ми заработи армија обожаватели и ми овозможи малку да успорам и да уживам во сето она што го стекнав, дел од мене е олеснет што конечно сум во 40-тите и конечно можам малку да се опуштам за тоа. Не е лесно да се биде убав за насловните страници“.

Џеси се борел и со алкохолизмот во периодот кога беше на врвот на својата популарност во 2007 година, а тоа всушност ја попречило неговата кариера.

Во продолжение погледнете како изгледа денес неодоливиот „градинар“:

https://www.instagram.com/p/CvSjQ3_pIHa/

https://www.instagram.com/p/CsjkYwwP17r/

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg