Даниел Кајмакоски ќе го отвори големиот двочасовен концерт на „Х - фактор“ во сабота

Во сабота (7. јуни) конечно ќе имаме можност да бидеме дел од големиот концерт на финалистите на „Х Фактор“ кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-01

Финалистите на „Х Фактор“ се веќе подготвени за првата средба со своите македонски фанови на овој сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот.  

Освен што е планирано тие да настапат со своите изведби од емисиите во живо на „Х Фактор“, дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски.


„На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите тие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално“ – изјави Даниел.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-1


Во контекст на последните шпекулации во медиумите за соработката на Даниел со „МБК“ продукција, тој додава: „Сето тоа не е точно. Излегоа муабети дека не сум ги добил наградите или дека нешто не е во ред со продукцијата, стварно тука не можам да ви дадам некој одговор, бидејќи и сами можете да видите дека автомобилот од наградата е тука, а паричната награда ќе ми биде доделена пред концертот во Скопје во сабота.

За сè друго можам само најдобро да зборувам за нас како финалисти и за МБК продукција. Јас сум исклучително благодарен што имав можност да го доживеам сè ова што ми се случи со учеството и победата на „Х-Фактор“. Продукцијата беше професионална и коректна кон мене за целото време, а нејзините обврски кон мене на најдобар начин завршуваат со концертот во Скопје, по што се надевам дека мојата кариера ќе продолжи и понатаму со нови успеси.“

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-2


Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х-фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Маид Хеќимовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Во Скопје во сабота пристигнува и тим од 33 луѓе со вклучен стилист, тонец, продуценти од МБК продукција, креативниот директор на „Х-фактор“, како и бенд кој ќе ги придружува финалистите на сцената.

На концертот ќе се испеат точно 45 песни, меѓу кои ќе имаме чест за првпат да чуеме и неколку премиерни изведби на песни на финалистите, како на пример дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач, но и неколку изненадувања. Концертниот спектакл кој нè очекува во сабота ќе трае најмалку 120 минути. 

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници имаат уште малку време за да си го обезбедат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а останати се само уште 50 билети за најпопуларниот фан-пит, 280 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот.  

Посакајте им топло добредојде на сите финалисти и дајте му ја најголемата македонска поддршка на Даниел!

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-3

Би можело да ве интересира:

Рики Мартин (51) и Џуан Јозеф се разведуваат по 6 години: „Ќе го завршиме бракот со љубов и достоинс... „Решивме да го завршиме бракот со љубов, почит и достоинство поради нашите деца ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Џанлука Ваки и саканата никогаш повљубени - уживаат на концерт на Ерос Рамацоти и споделуваат интим... Џанлука Ваки ја гледа вљубено својата сакана, се прегрнуваат и танцуваат со искр...
„Не ме тераше да имаме секс кога имав 14 години“: Присила Присли се отвори за контроверзната врска с... „Никогаш немав секс со него (на 14 години). Тој беше многу добар, многу нежен, м...
Има милиони, а води скромен живот – Каде е и што прави денес актерот што го играше Хари Потер? Книгите му се најголем „порок“, а милионите што ги заработи во Harry Potter ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg