Со кој пијалак Кортни Кардашијан ја одржува совршената линија?

Познатата американска ТВ ѕвезда, Кортни Кардашијан изгледа подобро од кога било, а тоа се должи на редовните тренинзи и здравата исхрана.

pijalak-so-krastavica-so-koj-kortni-kardashijan-ja-odrzhuva-sovrshenata-linija-01.jpg

Најстарата сестра од семејството Кардашијан, која е мајка на три деца, многу внимава што внесува во организмот. Сите намирници од нејзиното мени се органски, а исхраната ѝ се базира на свежо овошје и зеленчук, риба и салати.

Неодамна, Кортни откри и како ја одржува нејзината совршена витка линија. Таа секој ден пие детокс-вода со краставица, лимон и ѓумбир кои го забрзуваат метаболизмот и истовремено го зајакнуваат имунитетот.

Погледнете го целиот рецепт и почнете и вие да го консумирате ако сакате да изгледате добро.

Потребни состојки:

  • ½ краставица
  • ½ лимон
  • 2 свежи корени ѓумбир
  • 1 лимета
  • 10-12 свежи ливчиња нане
  • малку хималајска сол

Подготовка:

Исечете ги краставицата, лимонот и лиметата на ситни парчиња, а ѓумбирот на коцки.

Сите состојки ставете ги во голем сад со вода и на крај додадете ги ливчињата нане.

Пијалакот консумирајте го во текот на целиот ден.

pijalak-so-krastavica-so-koj-kortni-kardashijan-ja-odrzhuva-sovrshenata-linija-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Кортни Кардашијан остана бремена 10 месеци откако се откажа од ин-витро - на Тревис му соопшти со тр... „Тревис, бремена сум“, напиша Кортни Кардашијан на транспарент и на концерт му с...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Кортни Кардашијан ужива во четвртата бременост - во бело боди на романтична прошетка со сопругот на ... Во бело боди за трудници и розова кошула, Кортни Кардашијан го истакна труд...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg