Водно ѝ е љубов, а тенисот омилен спорт: Најдобрите спортски изданија на Елена Ристеска (фото)

За пешачење на Водно, за во фитнес центарот или за на тенис, црните хеланки ѝ се омиленото парче на Елена Ристеска во спортските аутифити.

vodno-i-e-ljubov-a-tenisot-omilen-sport-najdobrite-sportski-izdanija-na-elena-risteska-01.jpg

Вежбањето сè повеќе станува дел од културата на живеење како во светот, така и во Македонија. Ова особено важи за ѕвездите, кои вложуваат навистина многу време и напор за да изгледаат беспрекорно.

Помеѓу вљубеничките во активниот начин на живот е и Елена Ристеска. Пејачката постојано пешачи на Водно и изјавува дека оваа планина ѝ е вистинска љубов.

Таа, исто така, обожава да мине неколку часа во седмицата и во фитнес центарот, каде се ослободува од сета негативна енергија и ги полни батериите.

Кога е спортот во прашање, атрактивната бринета вели дека за неа на пиедесталот е тенисот. Иако во моментов не е активна на тоа поле, вели дека уживала во него додека тренирала и се кае што не се запишала на тенис уште како дете. Тие три часа тренинзи во текот на седмицата ја полнеле со енергија, па нема да биде воопшто чудно ако еден ден повторно му се врати на овој спорт.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

Во едно интервју, по учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“ во 2014 година, каде целиот регион, покрај од талентот, беше воодушевен и од нејзиниот изглед во улогите на Џенифер Лопез и Бијонсе, Елена откри дека главно правило во исхрана ѝ е да не јаде по осум часот навечер, а ако навистина не може да го скроти гладот тогаш тоа да биде само чаша чај, јогурт или свежо цеден сок.

vodno-i-e-ljubov-a-tenisot-omilen-sport-najdobrite-sportski-izdanija-na-elena-risteska-02.jpg

Кога е спортската облека во прашање пејачката вели: „Ќе престанам да носам црно кога ќе измислат потемна боја“, но сепак нејзините спортски аутфити од време навреме сака да ги зачини со розови, црвени и бели парчиња.

Погледнете дел од нејзините најдобри спортски изданија:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg