Кристијано Роналдо дојде во „Јунајтед“ како скромен тинејџер со мајка му - се враќа како ѕвезда и милијардер со 4 деца

Во Манчестер Јунајтед дојде на возраст од само 18 години со рекорден договор, по 18 години реши повторно да се врати кон корените, но овој пат како ѕвезда. Неколку помалку познати факти за Кристијано Роналдо.

kristijano-ronaldo-prviot-dogovor-so-junajted-go-potpisha-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-01.jpg

Во спортскиот свет моментално мошне е актуелна веста дека Кристијано Роналдо одлучи да се врати кон корените, па кариерата да ја продолжи таму каде што практично и ја почна – во Обединетото Кралство во тимот на Манчестер Јунајтед.

Откако предвремено го прекина договорот со фудбалскиот клуб Јувентус, никој не очекуваше дека ќе следи експресен трансфер што ќе го врати таму каде што почна.

Во 2003-тата година, на возраст од само 18 години, младиот Кристијано Роналдо, тогаш придружуван од неговата мајка Долорес, дојде на Олд Трафорд каде потпиша договор тежок 12.24 милиони британски фунти, што воедно е и најскапиот трансфер што некогаш бил платен за фудбалер тинејџер. Тој дојде во клубот за да го замени Дејвид Бекам, a си замина во 2009-тата година.

kristijano-ronaldo-dojde-vo-junajted-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-02.jpg

Сега, 18 години по потпишувањето на првиот договор, Кристијано (36) одлучи да се врати таму каде што почна, со таа разлика што сега ќе зема неделна плата од 385.000 британски фунти, а неговата мајка Долорес нема да биде постојано со него.

Долорес останува во Мадеира во Португалија, од каде потекнува Роналдо, а заедно со него во Велика Британија ќе дојдат четирите деца на фудбалерот, синот Кристијано Роналдо Џуниор (11), близнаците Матео Роналдо и Ева Марија (4) и Алана Мартина (3), како и неговата партнерка Џорџина Родригез. За почеток, додека да најдат соодветен дом, се очекува тие да престојуваат во хотелот Lowry.

Што се однесува за скромните почетоци на познатиот португалски фудбалер, во минатото се пишувало многу и се знае многу. Иако, на 17 години својата професионална кариера ќе ја започне во Спортинг Лисабон, сепак светската слава ќе ја стекне токму во дресот на „црвените ѓаволи“.

Прочитајте и Сакала да го абортира, а сега е горда на него – Роналдо ѝ подари Mercedes на мајка му за „Денот на мајката“

kristijano-ronaldo-dojde-vo-junajted-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-03.jpg

Во продолжение неколку помалку познати факти за тоа како изгледал животот на Роналдо пред да стигне до Манчестер Јунајтед:

Кога бил мал, врсниците го нарекувале „плачко“. Во една прилика неговата мајка изјави:

„Кога ќе си дојдеше дома од училиште јас му велев да ги напише домашните задачи, а тој велеше дека нема домашна. Додека правев ручек тој бегаше низ прозорецот и остануваше до доцна. Често плачеше кога ќе ја подадеше топката, а неговите пријатели не постигнуваа гол. Поради тоа го нарекуваа „плачко“ или „мала - пчела“ затоа што никој не можеше да го стигне“.

kristijano-ronaldo-dojde-vo-junajted-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-04.jpg

На 14 години Роналдо бил избркан од училиште затоа што фрлил столче врз неговиот учител. Роналдо подоцна откри дека причината за ова била тоа што учителот го навредил. Иако, за многумина ова би било ужасно, Роналдо охрабрен од мајка му Долорес, во целост се посветил на фудбалската кариера.

kristijano-ronaldo-dojde-vo-junajted-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-06.jpg

Сепак, на возраст од само 15 години, Роналдо се соочил со уште една пречка и мислел дека може во целост да ја загуби кариерата. Кај младиот Роналдо била откриено забрзано отчукување на срцето.

Имал ласерска операција на срцето, а неколку часа по операцијата бил пуштен на домашно лекување. Само по неколку дена, се вратил на теренот.

kristijano-ronaldo-dojde-vo-junajted-kako-tinejdjer-se-vrakja-kako-dzvezda-07.jpg

По пробивот со Спортинг, ќе го потпише историскиот договор со Манчестер Јунајтед со што ќе ја започне маестралната фудбалска кариера.

Сега, 18 години подоцна тој се враќа таму каде што ја почна кариерата, но сега, наместо мајката Долорес, со него ќе бидат неговите четири деца и партнерката, а во клубот се враќа како вистинска ѕвезда со добиени 5 златни топки и 30 поголеми титули.

„Сите во клубот со нетрпение го очекуваат враќањето на Роналдо“ – се вели во официјалната изјава на клубот.

Во продолжение повеќе семејни фотографии на Роналдо:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg