Орка китови сè почесто напаѓаат мали бродови, потонаа неколку: Која е причината за ова (ново) морничаво однесување? (видео)

Досега многупати се случувало орка кит да нападне брод удирајќи во него со главата. Но, изгледа овие напади се зачестени годинава – само во мај биле забележани над 20. Експертите дебатираат дали причината е одмазда или, пак, можеби само играње без никаква лоша намера.

orka-kitovi-se-pochesto-napagjaat-mali-brodovi-potonaa-nekolku-koja-e-prichinata-za-ova-novo-mornichavo-odnesuvanje-video-01.jpg

Изминатиов месец се забележани неколку морничави случаи каде што орка китови напаѓаат помали бродови и јахти – удираат во нив со главата, како да сакаат да ги потонат.

Иако ова се има случувано и претходно, се чини дека ваквите напади од орка китовите се зачестени годинава.

Последниот ваков случај го пријавил 72-годишен физичар од Холандија кој пловел од Лервик, Шкотска кон Берген, Норвешка.

orka-kitovi-se-pochesto-napagjaat-mali-brodovi-potonaa-nekolku-koja-e-prichinata-za-ova-novo-mornichavo-odnesuvanje-video-03.jpg

Физичарот Вим Рутен, кој има искуство во пловење јахти, вели дека бил загрижен уште пред нападот бидејќи читал за сличните инциденти кои се случуваат периодов.

„Мислам дека најстрашно беше многу гласното дишење на животното. Орката беше зад бродот, па исчезна...

Но, се врати со огромна брзина, удри вторпат, третпат… Па пловеше околу бродот“, открива физичарот кој успеал да стигне безбедно до брегот.

orka-kitovi-se-pochesto-napagjaat-mali-brodovi-potonaa-nekolku-koja-e-prichinata-za-ova-novo-mornichavo-odnesuvanje-video-08.jpg

На 11-ти јуни годинава сличен инцидент имаше покрај брегот на Гибралтар. Нападнатиот брод носеше товар, а беше и сериозно оштетен од нападот на орката.

На 5-ти јуни, пак, повторно во близина на Гибралтар, беше нападнат уште еден брод, овојпат од група од пет орка китови.

И овој брод беше оштетен.

Според капетанот на бродот, се чинело како орка китовите да го „испланирале“ нападот на бродот. Сепак, тој верува дека немале лоша намера и само си играле.

Кон крајот на мај годинава, поголема група орка китови оштетија уште еден брод во близина на јужниот брег на Шпанија.

Според Reuters, само во мај имало 20-тина други вакви случаи во близина на Гибралтар.

Во 2022-ра, пак, биле пријавени 207 напади од орка китови на бродови.

orka-kitovi-se-pochesto-napagjaat-mali-brodovi-potonaa-nekolku-koja-e-prichinata-za-ova-novo-mornichavo-odnesuvanje-video-05.jpg

Во ноември минатата година, група од дури седум орка китови нападна јахта во близина на Португалија. Китовите направија голема дупка на јахтата и таа потона. За среќа, преплашените луѓе безбедно стигнаа до брегот на Португалија.

Според капетан на еден од нападнатите бродови, и претходно имало вакви случаи, а сличен инцидент доживеал и самиот во 2020-та. Но, вели дека кога неговиот брод бил нападнат годинава, однесувањето на орка китовите изгледало поразлично.

„Изгледаше како да знаат што точно прават“.

orka-kitovi-se-pochesto-napagjaat-mali-brodovi-potonaa-nekolku-koja-e-prichinata-za-ova-novo-mornichavo-odnesuvanje-video-09.jpg

Според студија од 2022 година објавена во магазинот Marine Mamma Science, нападите од орка китови дефинитивно се зачестени, особено околу Гибралтар. Нападите во оваа област зачестиле по мај 2020 година.

На следната страница што велат научниците за оваа чудна и морничава појава...



Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg