„Top Eleven“ во холот на славните на Фејсбук

Видео играта „Top Eleven“- биди фудбалски менаџер” е избрана меѓу најдобрите 5 игри на фејсбук

top-eleven-vo-holot-na-slavnite-na-facebook-1.jpg

„Фејсбук” на својот блог деновиве објави листа на најпопуларни видео игри кои се играат на оваа платформа. Видео играта „Top Eleven“-биди фудбалски менаџер”  во категоријата „хол на славните“, е избрана меѓу најдобрите пет постари видео игри, лансирани пред 2014 година, а кои се играат на оваа социјалната мрежа. Со тоа  и се оддаде признание на српската компанија Нордеус која е и креатор на видео играта „TopElevenBe a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер).

Знаеме дека играта е квалитетна, и свесни сме за нејзината популарност, но бидејќи немавме  никакви индикации кого фејсбук ќе го одбере, можам да кажам дека сепак сме пријатно изненадени, изјави Милан Џукиќ, одговорен за односи со јавност во Нордеус.

Играта е лансирана во 2010 година. Се работи за мошне интересна игра во која играчот е во улога на фудбалски менаџер кој формира свој тим, на тој начин што купува и продава играчи. Играта брзо ги освои љубителите на спортот и компјутерските играчи. Џукич верува дека клучно за успехот на оваа игра е тоа што креаторите на играта понудија комплексна игра која ќе може да се игра на мобилните телефони, оти дотогаш беше достапна само на компјутер.

,,Top Еleven,, може да се игра на повеќе платформи: на мобилен, на таблет, на компјутер и  „киндли” Интересно е и тоа дека играта може да започне да се игра на еден уред а да се продолжи на друг во што нашите програмери беа пионери вели Џукиќ.

top-eleven-vo-holot-na-slavnite-na-facebook-2.jpg

Пред две години ја играа два милиони, а денес над 5 милиони луѓе во светот ја играат дневно, или 12 милиони активни играчи на месечно ниво, што ја прави најпопуларна онлајн спортска игра за повеќе платформи. Компанијата Нордеус пред 5 години ја основаа тројца програмери, кои напуштаа сигурно работно место во Мајкрософт во Данска. Малата иновативна компанија со неколку луѓе и скромни почетни средства, т.н. старап, прерасна во озбилна компанија со 160 вработени. Само во Белград работат 100-тина меѓу кои и 20-тина странци. Останатите работат во канцелариите на Нордеус во Скопје, Даблин, Сан франциско и Лондон. Нордеус е еден од петте најголеми партнери на фејсбук. Не се размислува за продажба, туку само за работа на проекти во кои ќе уживаат сите.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg