23 работи за технологијата кои не сте ги знаеле

Модерната технологија е една од областите во која човештвото секој ден оди за еден чекор понатаму, откривајќи и создавајќи голем број на инструменти кои ни го олеснуваат и поедноставуваат животот.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Сепак, многумина од нас не се всушност свесни за тоа дека зад секој нов пронајдок стојат илјадници обиди и грешки преку кои тој станал она што е.

Постојат голем број вакви примери кои на прв поглед изгледаат подеднакво и бизарно и фасцинантно, а се однесуваат на самите производи, индустријата и луѓето кои стојат зад сето тоа.

Следните факти ќе ви помогнат да сфатите како голем број од производите станале она што се денес и ќе ви откријат што всушност се крие зад повеќето успешни приказни:

1. Во 2012 година, најмалку 17 од новородените девојчиња го добиле името Сири.

2. Низ светот продадени се повеќе од 682 милиони iPhone телефони.

3. Црвената панда е жител на Хималаите и југозападна Кина. Преведено на англиски јазик за ова животно е „Firefox“, по што популарниот пребарувач го добил своето име.

4. Зборот робот доаѓа од чешкиот збор „robota“. Преведен на англиски зборот значи „принудна работа“.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-1.jpg

5. Создаден во 1956 година, првиот видеорекордер имал големина на пијано.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-2.jpg

6. На првата камера која човекот ја создал, само за создавање на една слика ѝ биле потребни цели 8 часа.

7. Првото лого на „Apple“ вклучувало слика на Исак Њутн како седи под дрво, со јаболко кое само што не паднало врз неговата глава.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-3.jpg

8. Алјаска е единствената држава во Америка која може да се напише со букви од само еден ред на стандардна англиска QWERTY тастатура.

9. Еден на секои осум брачни парови всушност се запознал преку интернет.

10. Технолошките компании често ги тестираат своите производи во Нов Зеланд. Зошто токму Нов Зеланд? Земјата е различна, нејзините жители зборуваат англиски и доколку производот е неуспешен, вестите се шират многу побавно, бидејќи земјата е релативно изолирана од другите.

11. Во 2012 година, „NYU-Poly“ создаде риба-робот и ја стави во аквариум со златни риби. Роботот толку добро го симулирал движењето на рибите, што бил одлично прифатен од рибите и стана нивни лидер.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-4.jpg

12. Во Јапонија постои фабрика која може да работи 30 дена без никаков надзор – таа е речиси целосно составена од роботи.

13. Во Мексико Сити, постојат посебни канти за отпадоци кои нудат бесплатен безжичен интернет за луѓето кои соодветно ќе го фрлат изметот од нивните кучиња.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-5.jpg

14. Пред извесно време во Кина се појавија лажни продавници на „Apple“. Измамата била толку голема што дури и персоналот бил убеден дека работи во вистинска продавница на „ Apple“.

15. Гулабите писмоносци беа побрзи од интернетот барем се до 2010 година. Било спроведено испитување така што биле пуштени гулаби со USB уреди на нив во исто време кога било започнато со прикачување на видео преку интернет. Гулабите сепак победиле.

16. Магазинот „Тајм“ го прогласи компјутерот за „Маж на годината“ за 1982 година.

23-raboti-za-tehnologijata-koi-ne-ste-gi-znaele-6.jpg

17. Првиот измислен аларм можел да ѕвони само еднаш во текот на денот и тоа во 4 часот наутро.

18. Кога му бил покажан првиот прототип за „iPod“ на Стив Џобс, тој го земал и го фрлил во аквариум. Сепак не се работело само за несмасен потег, тој сакал да им покаже на неговите соработници дека воздушните меурчиња кои се појавиле потоа укажувале дека во него имало празен простор и дека истиот можел да биде многу помал.

19. Во 2012 година, „Apple“ продавал по 340.000 „iPhones“ секој ден.

20. Во Јапонија 90% од мобилните телефони се водоотпорни па затоа, голем број од луѓето ги користат додека се тушираат.

21. Еден од првите докторски дипломи по компјутерски науки била во сопственост на калуѓерка.

22. Доколку најдете безбедносна грешка во кодот на „Facebook“ тие се подготвени да платат висока сума (од 500 долари па нагоре) за да им ја кажете за истата.

23. Во компјутерскиот свет, 30 ноември е познат како „Ден на компјутерската сигурност“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg