10 трикови со кои побрзо ќе пребарувате на интернет

Технологијата постојано напредува, а секако најважно од сè во денешното живеење е максималното искористување на времето, односно извршување на задачите за пократко време сè со цел да се има повеќе слободно време.

trikovi-koi-ke-vi-pomognat-vo-sekojdnevnoto-prebaruvanje-01

Затоа ако сте зависни од интернет и трошите доста време на социјалните мрежи, еве неколку трикови кои ќе ви го поедностават секојдневното сурфање на интернет:

1. Ако сакате да симнете видео од YouTube, тогаш единствено нешто што треба да направите е да напишете ss помеѓу www и youtube (на пример, www.ssyoutube...) и ќе ви се отвори страна на која можете да симнувате видеа.

2. Ако читате нешто на интернет и наидете на интересен линк кој сакате да го погледнете, држете ctrl и притиснете на него, линкот ќе се отвори во ново прозорче без да мора да притиснете десен клик и да изберете new tab.

3. Ако сакате да пребарувате нешто во ново прозорче и притоа да не мора да се грижите за тоа дали ќе треба да пребришете нешто во history, тогаш притиснете ctrl+shift+n (за да отворите ново incognito прозорче).

4. Ако ве нервира тоа што видеата постојано сами се вклучуваат на Фејсбук, тогаш одете на facebook.com/settings одберете опција videos од левата страна и наместо on или default одберете off , на тој начин, ќе спречите видеата да се вклучуваат автоматски.

5. Ако сте носталгични за некоја стара игра тогаш напишете Atari Breakout додека пребарувате слики во Google Images и ќе ви се отвори некоја ретро игра.

6. Ако сте читале некоја подолга статија или едноставно сте разгледувале слики на Фејсбук, а сакате да се вратите погоре, без да го користите маусот можете да се вратите нагоре со помош на држење на копчето shift и повремено притискање на space bar.

7. Ако сакате да го употребите Google како ваш сопствен речник напишете define и потоа зборот кој сакате да го дефинирате. На тој начин, ќе добиете информации како се пишува и чита зборот како и неговата дефиниција.

8. Ако работите брзо и сакате да затворите одредено прозорче кое ви е отворено со помош на наредбата ctrl + „w” тоа ќе го направите лесно без да користите било каква друга команда.

9. Ако сакате да го направите вашиот пребарувач да биде на цел екран тогаш притиснете f11 ако потоа сакате да го исклучите тогаш повторно притиснете f11.

10. Ако притиснете ctrl + „L” тогаш вашиот курсор ќе се намести на адресната линија со што се овозможува лесно пребарување без користење на вашиот маус.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg