Кој е авторитет за вас? За Овенот - неговата мајка, за Јарците - правниците

kakva-licnost-pretstavuva-avtoritet-za-horoskopskite-znaci-za-jarcite-kakva-lichnost-pretstavuva-avtoritet-za-horoskopskite-znaci-za-jarcite-pravnik-pravnik-za-rakovite-hirurg-1.jpg

Вага

Љубезни сте, ама затворени, имате високи критериуми, ги цените традицијата и семејните вредности, па за вас, најголем авторитет е вашиот татко. Од животот сакате да го земете само она најдоброто, па вашите авторитети се постојани, суштински посветени, стабилни и лојални личности кои ги цените затоа што, на нив секогаш можете да се потпрете. Ве воодушевуваат врвните државници и научните работници чија слава ги надминува границите на земјата во која живеете.

Скорпија

Делувате резервирани, ама секогаш знаете како да го постигнете или добиете она кое го посакувате. Бидејќи страста е ваш двигател, вие сте безусловно посветени и предадени на оние кои ги сакате. Од таа причина ве импресионираат гламурозни и успешни личности кои благодарение на своите квалитети и упорноста, се наоѓаат високо на социјалното дрво. Може да станува збор за врвни уметници, виолинисти, пејачи, сликари или спортисти.

Стрелец

Амбициозни сте и студиозни, зависно од тоа што ве интересира во моментот, па можете да бидете врвен полемичар или занесен фантазер. Од таа причина, за вас, најголем авторитет се личностите кои се занимаваат со психоанализа, поседуваат вистинско образование и брилијантен интелект, без разлика на тоа дали се познати на јавноста или не.

Јарец

Заради вашите амбиции и креативноста, целата ваша работа е насочена кон тоа да добивате признанија, па вашето внимание е насочено кон префинетите и воспитани личности кои имаат дипломатски стил на функционирање. За вас, вистински авторитети, најчесто, се личностите кои го спроведуваат законот како правниците, адвокатите, судиите и сите оние кои се занимаваат со нешто заради кои се непристрасни и правдољубиви.

Водолија

Иако сакате да сте први баш во сè и никогаш не се откажувате до самиот крај, најголема почит негувате кон оние кои знаат да најдат „златна средина“ исто како алхемичарите кои умеат од сè да направат пари. Покрај обврските и контролата, најмногу се плашите од власта која некој може да ја има над вас, ама ве импресионираат припадниците на полицијата или личностите кои носат униформа на себе.

Риби

Суетни сте и умеете да бидете тврдоглави, иако делувате флегматично и расеано, дури и кога сте сериозно мотивирани. Сепак, амбициозноста, истрајноста, упорноста и издржливоста се вашите вистински доблести, па затоа, најмногу сте импресионирани од личностите кои имаат широк видик и истражувачки дух. Воодушевени сте од авантуристите, композиторите, режисерите, филмските актери, модните креатори, односно сите оние на кои фантазијата им е безгранична.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Скриената страна на секој хороскопски знак (што не ја знаат ни најблиските) Водолиите изгледаат како личности кои сакаат да помагаат и да го подобрат светот...
5 хороскопски знаци со најдобар моден стил Можеби Рибите не се луди по мода, но тие се мошне креативни, а токму поради ова ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg