За некои е губење време и пари, на други им се крева косата – кои се анти-романтични знаци?

Овие знаци не ја гледаат поентата на романтиката. Слободно можеме да ги наречеме анти-романтични. За нив, романсата е губење на време, а цинизмот преовладува кај нив кога станува збор за оваа тема.

Koi-se-anti-romanticnite-znaci-01.jpg

Кои се трите хороскопски знаци кои воопшто не се романтични?

Овен

Знак кој е на првото место на луѓе кои не поднесуваат романтика. Ова е „машки“, ладен знак со кој владее планетата Марс.

Овенот едноставно не ја гледа целта на романтиката. Можеби доколку му предложите натпревар во трчање или пак демонстрација на сила, тој би видел некаква цел во сето тоа.

Шегата на страна, кај Овенот едноставно енергијата е сосема поинаква. Овенот знае да сака, сака да љуби и е нежен само кога тоа е потребно.

Својата романтична страна ќе ја покаже на поинаков начин – ќе ве штити секогаш и секаде, ќе ве пренесе на грб преку половина земја доколку тоа е потребно.

Овенот е силен, остар и темпераментен. Кај него нема простор за „патетики“.

Јарец

Јарецот е рационален и ладнокрвен знак. Неговата енергија секогаш е фокусирана на работи кои имаат крајна цел.

Романтиката не му е непознат поим, но не гледа никаква цел во неа. Јарецот пак секогаш може да најде време за разговор, поддршка и убаво поминато квалитетно време со партнерот.

Совет на Јарецот е вреден злато кога станува збор за бизнис. Како партнер тој е целосно посветен и верен до гроб. Кога Јарецот ќе даде ветување, нема никогаш да го прекрши.

Ќе ви ја покаже својата „романтична“ страна со тоа што секогаш ќе биде со вас, никогаш нема да ве остави на цедило, и секогаш ќе може да се потпрете на него финансиски, што во ова време и не е баш мала работа.

Девица

Ова е знак кој својата „романтична“ страна ја покажува само преку работа од секаков вид. Куќата да е совршено средена, самата Девица да е совршено уредна и спастрена, особено фризурата.

Тоа што Девицата ќе одвои време за вас и вашите потреби зборува доволно за нејзината посветеност и наклонетост.

Кога станува збор за подароци, Девицата подарува само практични работи. Не очекувајте букет цвеќе, многу пореално е дека ќе ви подари нелеплива тава.

Нејзината романтична страна се рефлектира во потребата да им помага на другите. Така таа покажува наклонетост и љубов.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg