Не ми кажувај како си ме сакал...

Понекогаш зборовите се излишни кога душата е пуста, не можеш да испееш песна без стихови, не можеш да почувствуваш љубов без страст, не можеш да ја видиш светлината се додека се наоѓаш во тунел и не сакаш да излезеш од него.

ne-mi-kazuvaj-kako-si-me-sakal-1.jpg

Јас конечно излегов со трчање иако знаев дека не сакав да го напуштам тоа засолниште кое можеби беше темно, влажно и студено, но ми даваше колку толку светлина во очите, сувост во усните и топлина во срцето кое сега е камено.

Затоа не ми кажувај, не ми кажувај како си ме сакал…

Не ми кажувај како сè би направил за мене, кога не стори ништо. Не ми кажувај дека ќе ми простиш, бидејќи јас треба да ти простам, а не сакам.

Не ми кажувај дека го чувствуваш неговиот допир на моја кожа, бидејќи ниту јас самата не го чувствувам. Не ми кажувај дека сега ме чувствуваш мене, ја чувствуваш мојата нервоза, осаменост, фрустрација, тага, бидејќи не постојат.

Како можеш да почувствуваш нешто што не постои?

Заборавив, се извинувам, можно е, јас ја чувствував твојата љубов иако не постоеше. Така ти е тоа, заљубен човек чувствува сè што е потребно за да ја задоволи неговата жед за љубов кога ја нема.

ne-mi-kazuvaj-kako-si-me-sakal-2.jpg

Не ми кажувај дека сум ти легнала на срце како добро вино на пијана љубов, не ми кажувај дека сум ти се топела во усните како коцка темнo чоколадo која ти ја разблажувала душата, бидејќи ти мене не ми легнуваше како добро вино на пијана љубов.

Јас бев пијана од добро вино поради твојата невозвратена љубов, можеби ти се топев во усните како коцка темнo чоколадo која ти ја разблажувала душата, но ти мене ми се топеше како восок на гола кожа и ме гореше секој ден сè повеќе.

На крајот добив лузна. Не е една, повеќе се, ги знаеш добро кои. Никогаш нема да заздрават, но не ми кажувај дека ќе ме потсетуваат на тебе, на твојата „љубов".

Не ми кажувај ништо како и секогаш, во тоа си најдобар, продолжи понатаму без збор, потони во твојата тишина, бидејќи таа ми е позната вода од која знаеш дека никогаш нема да те спасам.

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg