Празниците се прекрасни, но пече празното столче на кое некогаш седеше мама, тато, баба, дедо...

Празнината која останува по загубата на некој близок е неумолива. Таа е како скршен прозорец, го полните со парталчиња за да не ви студи, но постојано дува и ви мрзне во срцето. Велат времето лечи сè, но спомените не бледнеат. Напротив, во овој период од годината тие стануваат поблиски и поживи од кога било. И нивното отсуство е појасно и повидливо.

Da-ne-se-zaboravat-nikogas-onie-koi-ne-se-povekje-megju-nas-01.jpg

Ги прелистуваме албумите, ги галиме фотографиите. Одиме на гробиштата и носиме цвеќе. Им го носиме омиленото јадење, го делиме споменувајќи ги. Понекогаш дури и им зборуваме. Звучи будалесто, но тагата се размрзнува, некако олеснува.

Им се жалиме, им се фалиме, си поплачуваме. Нежно ги бакнуваме фотографиите на студениот мермер. Си одиме дома, а таму во секое ќоше ѕиркаат спомени и сеќавања.

Мислите нè стигнуваат, и добри и лоши. Постапував ли секогаш добро со саканите кои повеќе не се меѓу нас... поминав ли доволно време со нив. Ги направив ли барем малку среќни колку што тие внесоа радост и светлина во мојот живот.

И еве нè, на прагот пред новата година. И ни фалат мајки и татковци, браќа и сестри. Баби и дедовци, добри пријатели.

Да не се заборават никогаш. Ги сакам празниците кога се собира целото семејство на купче и си ги приспомнуваме. Тогаш се мешаат силни чувства, на тага бидејќи нивното отсуство пече како сол на отворена рана и среќа – бидејќи на некој начин тие се сè уште присутни. Живеат во спомените. Дел од нив живее во нивните потомци кои неодоливо наликуваат на нив.

Не, не станува полесно. Не, не се заборава, не боли помалку. Но, мора да се продолжи понатаму. Така е скроен животот, кој може против природата. Но, важно е да не се заборави што ни оставиле. Советите, искуствата, спомените кои се бесценети. Љубовта која сум ја добила ме грее и во најладните денови.

И еве ги празниците, доаѓаат. Ти текнува ли даде како сечкавме зеленчук за руската салата за нова година? А стапчињата кои ни ги правеше дедо за колачињата кои ги собиравме на Коледе? А, кога не можевме да го најдеме паричето за Бадник, па испадна дека мама заборавила да го стави во лепчето?

Додека животот поминува краток како здив, спомените ме топлат, ми даваат сила, а саканите ме набљудуваат со насмевка. Верувам дека внимаат на мене. Верувам дека внимаваат на сите нас. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
Во Охрид собиравме полни ќеси јаболка, во Дојран колачиња на стапче – Коледе од моето детство Секој град има свое објаснување за тоа како правилно треба да се прослават празн...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ах, кога пак би бил дете: Би правел шатори, би лепел сликички во албуми, би си играл криенка и џамл... Понекогаш замислувам како со отворање на очите ќе се најдам сред криенка. Некои ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg