Македончето има неодолива потреба да си го „пика“ носот во секоја манџа

Македонецот има некоја неодолива желба да си го пика носот секаде. Да ѕирне во дворот на комшијата. Зелена ли е таму тревата и дали уште му се живи козите. Непоправливо е, лоша навика, полоша од грицкањето нокти и бабите трачарки кои си безделничат пред влезот. И желбата да се пикнеш во нечиј живот и да бидеш воајер во туѓата интима е како издлабена со шило во ДНК нишката, посилно е од тебе.

Prestanete-da-zirkate-vo-zelenata-treva-i-kozata-na-komshijata-i-gledajte-si-gi-vasite-01.jpg

Кој е тој порив гласно да застанеш и од никаде да се издереш дека на одредени години девојките треба да менуваат веќе пелени, а не влошки? Кој те запраша воопшто за мислење? Зошто сметаш дека имаш право да знаеш сé за репродуктивниот систем на колешката и да се сметаш за дежурна советодавачка?

Да не се лажеме, треба да си паметна за да делиш совети, што не си, да си воспитана и културна, што ни оддалеку си, и да мислиш добро, што секако, повторно – не си, бидејќи злобата ти извира како пена од устата.

Откако се погрижи за сите оние кои немаат деца, или немаат второ дете, на ред дојдоа немажените. Ама зошто не се мажиш, не те разбирам? Ајде ајде, време ти е.

Каков маж си ми ти, си пуштил стомак, а така млад? Која мислиш дека ќе те земе ваков? Со твојата плата мислиш дека ќе можеш да чуваш деца? Нема шанси!

Вие дежурни аларми, дали секое општество ве брои во жители, или само кај нас сте така широко распространети? На каква мисија сте, не ве разбирам. Да не остане ниту една немажена жена, веројатно.

Се грижите и за бројот на туѓите килограми и брчки, се грижите за туѓото наследство, мажите на другите жени. Се грижите за сé освен за самите себе. Имате мислења и решенија за сите други, освен за својот живот.

На крајот од денот, парадоксално ми е жал за вас. Жал ми е што сте толку тажни и осамени, што немате своја занимација, освен дворот на комшијата.

Жал ми е што не ве радува ништо друго, освен туѓата несреќа. Што не знаете да дискутирате за ништо друго, освен за други луѓе.

Просто не вреди човек ниту да се расправа со вас. Расправии може да имате само со интелигентни луѓе.

Се надевам дека може да си го исполните вашиот живот со среќа и мир со таква леснотија како кога се занимавате со туѓи животи и туѓи проблеми. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg