Сè се враќа, сè се плаќа!

 Еден ден магарето на селанецот паднало во бунар. Сирото, со часови жално викало додека селанецот се мислел што да направи. Конечно се одлучил.

se-se-vraka-se-se-plaka-001.jpg

Бидејќи животното било старо, а бунарот и онака требало да се покрие, не било вредно да се труди да го спаси магарето.

Ги повикал сите соседи да му помогнат. Сите ги зеле лопатите и почнале да фрлаат земја во бунарот. На почетокот магарето сфатило што се случило и почнало очајнички да плаче. Но, по некое време, на чудо на сите се смирило.

После некое време селанецот погледнал во бунарот и се вчудоневидел што гледа. Со секоја лопата земја која го погодила неговиот грб, магарето се искачувало нагоре.  Го тресело грбот и се качувало по една скала нагоре.

Наскоро сите воодушевено го гледале магарето кое зачекорило на врвот на бунарот и среќно излегло.

Животот на тебе ќе истресе ѓубре и разни видови нечистотии. Трикот се состои во тоа да се истресеш и да поминеш преку тоа, да се искачиш една скала нагоре.

Никогаш не се откажувајте.

Запомнете ги овие 5 едноставни правила за среќа:

1. Ослободи го срцето од омразата – Прости.

2. Ослободи го умот од грижи – повеќето никогаш не се остваруваат

3. Живеј едноставно и цени го она што го имаш

4. Давај повеќе

5. Очекувај помалку

И... крајот на приказната. Магарето подоцна се вратило и го гризнало селанецот. Раната се инфицирала и со тек на време селанецот умрел од труење. Го закопале во бунарот.

Наравоучение: Кога ќе направиш нешто лошо и се обидеш да си го сочуваш задникот, тоа ќе се врати и ќе те гризне.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg