Психички болести и самоубиства - Како проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало со генерации?

Проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало од колено на колено, а секој член од семејството трагично го завршувал животот. Ако клетвата на Кенеди била да бидат убивани, на Хемингвеј билe самоубиствата.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-01.jpg

Досега потврдени се 7 самоубиства во едно од најпознатите семејства во американската историја - Хемингвеј.

Внуката на истакнатиот американски писател и новинар, Ернест Хемингвеј, актерката Мериел Хемингвеј,  која беше номинирана за Оскар за улогата во филмот „Менхетен“ на Вуди Ален, го сними документарниот филм „Бегајќи од лудилото“ во кој ги открива мрачните тајни на своето семејство.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-02.jpg

Мариел Хемингвеј, членовите на своето семејство ги опишува како исклучително креативни, но со многу психички проблеми и зависници од опијати. 

„Пораснав гледајќи семејство кое беше неверојатно и креативно, но и деструктивно и само по себе. Сите беа зависници. Не сакав да завршам така. Имав мисија", изјавила таа за Мајами Хералд.

Сепак, никој во ова семејство до неодамна не зборувал за менталните болести.

„Никој за ништо не разговараше. Тоа беше друга генерација“, рекла Мариел.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-03.jpg

Покрај новинарските текстови, расказите и романите, отменоста и вообразеноста го направиле Хемингвеј популарен кај публиката.

Зад затворени врати, тој се борел со депресија, алкохолизам и имал проблеми со менталното здравје, а сето тоа придонело да се самоубие на 2 јули 1961 година. 

Но, Хемингвеј не бил единствениот што се соочувал со вакви проблеми, бидејќи неколку генерации наназад во неговото семејство се соочувале со слични проблеми.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-04.jpg

Хемингвеј имал проблематичен однос со неговите родители

Тој бил второто дете на доктор Ед Хемингвеј и неговата сопруга Грејс Хол.

Ед бил успешен доктор, а Грејс имала талент за пеење и посакувала оперска кариера, но заработувала така што давала часови по пеење и музика. 

Поголемиот дел од неговото детство го поминал во семејниот дом во Оук Парк, Илиноис и домот во шумите на Мичиген, каде што Ед ја пренесувал својата љубов кон ловот и природата.

Ернест се борел да се поврзе со својот татко, кој и покрај неговата мирна надворешност умеел да биде насилен, доминантен силеџија.

Неговата мајка била доминантна и многу религиозна, имала чудни желби како на пример била опседната со идејата да роди близнаци, и бидејќи тоа не се случило таа ги облекувала Ернест и неговата постара сестра Марселин во слична облека, ги потстрижувала многу слично покажувајќи дека двете деца се близнаци.

Кога Ернест имал 29 години, неговиот татко се самоубил.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-05.jpg

Третата сопруга на Хемингвеј, новинарката Марта Гелхорн, сметала дека тешкиот однос кој Хемингвеј го воспоставува со жените, неверствата, суровоста и напуштањата се само поради неговата омраза кон мајка му.

По нивниот развод таа напишала: „Длабоко во Ернест, поради неговата мајка, сеќавањето на неуништливите први спомени од детството беа недовербата и стравот од жените“.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-06.jpg

Се чини дека уште од мал почнал да чекори кон самоуништување

Барајќи авантура и бегство од приградскиот живот, Хемингвеј го напуштил домот уште како тинејџер, за на крајот да почне да волонтира како возач на Брза помош за време на Првата светска војна. Тешко ранет во Италија, се заљубил во својата медицинска сестра, а нејзиното одбивање го довело до депресивна епизода која ќе стане карактеристична за неговиот живот. 

Додека работел како новинар во Америка, тој се оженил со својата прва сопруга Хедли Ричардсон, а парот се преселил во Париз за Хемингвеј да може да се фокусира на пишување фантастика.

psihicki-bolesti-i-samoubistva-prokletstvoto-vo-semejstvoto-hemingvej-se-prenesuvalo-so-generacii-07.jpg

На следната страница прочитајте повеќе за животот на останатите членови од семејството...



Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg